Денес во Велес се одржа хуманитарна крводарителска акција во Организација на “Veles Biking“
Па по тој повод истите на својата фејсбук страница соопштија:
Денес во просториите на ликовниот салон во Велес, по втор пат како организатори одржавме хумнитарна крводарителска акција.
Во заедничка акција Veles Biking и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Велес, денес имавме повеќе од успешна крводарителска акција. За неполни 4,5 часа беа собрани 80 крвни единици (7-8 бе вратени поради различни причини). Од овие 80 хумани Велешани, вкупно 65 се мажи и 15 жени, од кој дури 8-мина за прв пат даруваат крв.
👏👏👏Благодарност кон сите хумани луѓе кои денес даруваа на оваа акција, но и на оние кои не беа во можност да присуствуваат денес, од основани и неосновани причини.
Сета почит кон овие спортисти, но пред се хумани граѓани.