Холандската полиција соопшти дека пронашла слеп патник во тркалата кој слетал од Јужна Африка на аеродромот Шипхол во Амстердам.
Тој лет во просек трае околу 11 часа, а се верува дека имал само едно средно слетување до Амстердам, во Најроби, Кенија.
Многу е невообичаено слепите патници да преживеат на долги летови, поради студот и недостатокот на кислород на големите височини.
Возраста и националноста на мажот се уште не се утврдени, велат од полицијата.
Човекот е пронајден жив во предниот дел на авионот и е префрлен во болница во стабилна состојба“, изјави за АФП Џоана Хелмондс, портпаролка на холандската кралска воена полиција.
„Прилично е неверојатно што човек е жив“, рече таа.
Портпаролот на авиокомпанијата, компанијата Карголукс, во е-пошта испратена до Ројтерс потврди дека слепиот патник бил на споменатиот лет.
Според официјалните податоци, единствениот карго лет на компанијата Карголукс од Јоханесбург до Шипхол во неделата навистина имал попатна станица во Најроби.
Не е познато дали мажот се качил во авионот во Јужна Африка или Кенија.