Животот е краток, живеј го. Љубовта е ретка, фатете ја. Гневот е лош, ослободете се од него. Стравот е ужасен, соочете се со него. Спомените се скапоцени, чувајте ги!

ОВЕН
Работа:
Можеби ќе ви се даде можност да работите со некој од странство. Ви се допаѓа шансата што ви се појави и сакате да ја искористите. Можете да очекувате успех на долг рок.

Љубов: Многу сте шармантни и лесно го привлекувате вниманието кон себе. Може да се каже дека сте многу популарни кај спротивниот пол во оваа фаза. Ќе имате можност за повеќе од една врска или авантура.

Здравје: Денеска може да ве погодат респираторни инфекции. Зајакнете го вашиот имунитет со зголемен внес на витамини.

БИК
Работа:
Немате некои поголеми проблеми на полето на работата. Не ве очекуваат ниту претерано важни настани. Можете да направите пауза. Денот поминува прилично мирно и во некаква стагнација.

Љубов: Можно е да мислите дека партнерот е претерано љубоморен и затоа некои работи ви се многу тешки. Обидете се да разговарате со него за се што се случува и да му објасните како стојат работите.

Здравје: Потребна ви е релаксација. Премногу сте напнати и под голем притисок и стрес, што не може добро да влијае на вашето здравје.

БЛИЗНАЦИТЕ
Работа:
Не сакате да дозволите некој да ви се меша во работата. Мислите дека е потребно сами да одлучите за некои работи. Пред вас е ден во кој некои ситуации ќе бидат појасни од претходно.

Љубов: Сакате да ги покажете чувствата кон личноста која ја гледате некое време. Важно ви е да се зближите со неа бидејќи чувствувате дека постои голема и силна врска.

Здравје: Имате чувствителни колена и зглобови. Пазете се од повреди, исчашувања, скршеници. Ако се занимавате со спорт, бидете особено внимателни.

РАК
Работа:
Можно е пред себе да имате голема количина на деловни обврски и да не можете сами да се справите со сето тоа. Потпрете се на некој од соработниците со кои имате добри односи.

Љубов: Позитивно ќе се изненадите кога денес ќе ви пријде некоја шармантна личност. Ве очекуваат убави настани. Почетокот на нова врска е можен доколку се опуштите и препуштите на емоциите.

Здравје: Ве очекува малку тежок ден во кој се можни нови здравствени проблеми. Најдобро би било да одвоите малку време и да отидете на лекарски преглед и на сите потребни тестови.

ЛАВ
Работа:
Чувствувате дека има некои работи што треба да ги расчистите. Не сте сигурни дали треба да ги преземете нови деловни потези додека целосно не ги исчистите старите. Постапувате мудро во секоја ситуација.
Љубов: Треба да се трудите повеќе да се опуштите покрај личноста која ви се допаѓа. Само ако сте спонтани, можете да дојдете до нови настани и да се зближите со неа. Работете на вашата самодоверба.
Здравје: Нема поголеми здравствени проблеми за вас. Може да очекувате генерално поволен ден во кој нема да имате премногу грижи. Опуштени сте и се чувствувате добро.

ДЕВИЦА
Работа:
Можно е да се посветите на некои идеи кои сте ги имале претходно. Пред вас е позитивен период за ова поле. Ако работите на развој на деловна стратегија, ова е добро за вас.

Љубов: Покажете му ги емоциите на партнерот и не двоумете се. Ве очекува многу убава и романтична атмосфера. Важно е да бидете доволно отворени во секое време.

Здравје: Ви пречат цигарите и чадот од тутунот. Можни се проблеми со отежнато дишење, кашлање и сл. Исто така, вашите зглобови се чувствителни.

ВАГА
Работа:
Можно е вашата помош и поддршка да ја пружите на некој од соработниците. Ви претстои прилично релаксиран работен ден. Нема да имате премногу свои грижи, па некако ќе се справите со туѓите.

Љубов: Односот со партнерот би можел да биде подобар и вие сте свесни за тоа. Ќе го направите она што е во ваша моќ за да му се посветите повеќе. Доколку сте слободни, ве очекува флерт со личност од соседството.

Здравје: На вашата кожа и треба соодветна грижа. Можно е да имате некои проблеми со сувост или иритација на кожата, па затоа е важно да го земете предвид ова.

ШКОРПИЈА
Работа:
Решени сте да решите некој проблем. Максимално сте посветени на вашето деловно поле и нема да се откажете додека се не заврши. Целата енергија ја вложувате во унапредување на бизнисот.

Љубов: Нема индикации за нови случувања кога е во прашање полето на емоциите. Засега ситуацијата останува непроменета. Можно е и вие самите да не сте подготвени за нова врска иако постои шанса за тоа.

Здравје: Привремена главоболка би можела да ве придружува, но нема индикации за поголеми и посериозни проблеми. Поминете малку повеќе време на чист воздух, би уживале во прошетка.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Пријатно сте изненадени од некои нови случувања на деловен план. Ви се чини дека некои работи конечно се движат во вистинска насока. Сигурни сте дека вашата иднина ќе биде позитивна.

Љубов: Ви се допаѓа вниманието што го добивате од една личност која ви се додворува. Можно е наскоро да стапите во врска со неа. Засега уште малку се двоумите, да видиш колку е упорна.

Здравје: Можни се проблеми со стомахот, желудникот, варењето и воопшто органите за варење. Внимавајте што јадете. Пијте многу течности и одморете се денес за да им помогнете да закрепнат.

ЈАРЕЦ
Работа:
Земете ги работите во свои раце! Под ваша контрола може да се случат бројни позитивни деловни промени. Важно е да не се откажувате сега кога работите стануваат малку посериозни.

Љубов: Импулсивно реагирате кога се во прашање емоциите. Не можете да се преправате дека сте ладни кога срцето ви е сè друго освен тоа! Ве очекуват некаков пресврт која ќе доведе до поблиски односи со саканата личност.
Здравје: Денеска би можеле да ве следат проблеми со грлото. Избегнувајте ладни и газирани пијалоци, како и алкохол, цигари и се друго што може да ви го иритира грлото.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Можно е денеска да добиете некоја погрешна информација. Не верувајте во се што ќе слушнете. Од денеска започнува ретроградниот Меркур кој може да предизвика мешаница на многу полиња.

Љубов: Ве очекува многу интересен ден. Пред вас се бројни можности за нови познанства. Опуштете се и бидете свои! Нема причина да се сомневате во вашите квалитети!

Здравје: Намалете го стресот и нервозата. Се гледа дека сте склони однапред да се притискате за некои работи и да паничите повеќе отколку што треба. Работете на вашата смиреност.

РИБА
Работа:
Не е поволен ден за склучување нови договори или за потпишување деловни договори. Набљудувајте ги работите од далечина засега. Ако можете, обидете се да избегнете важни одлуки.

Љубов: Уживате да флертувате со личност која ви се допаѓа. Сакате да играте уште некое време, не сте подготвени за конкретни промени. Можно е и вие да се двоумите помеѓу две различни особи.

Здравје: Градите можеби се осетливи. Внимавајте ако чувствувате притисок или стегање во таа област, за секој случај контактирајте го вашиот лекар. Исто така, може да имате кашлица.

By Author