Љубовта е состојба во која среќата на друга личност е од суштинско значење за вас.

ОВЕН
Работа: Актуелната глобална ситуација е предупредувачки знак за ризични инвестиции и вашата деловна соработка. Вашите идеи нема да добијат добар одговор од претпоставените во овој период.

Љубов: Централниот проблем на љубовното поле во овој период е кризата на довербата. Атмосферата на измешани чувства љубов-омраза може да биде доминантна во овој период.

Здравје: Зголемен стрес.

БИК
Работа: Клучот за успехот во овој период е да ги усогласите различните ставови со вашите деловни соработници.

Љубов: Овој период ви носи голем стрес на љубовен план бидејќи постои можност за различни ставови за важни прашања меѓу вас и партнерот. Ситуацијата ќе можете да ја надминете само со заеднички договор.

Здравје: Одморете повеќе. Премногу сте ангажирани.

БЛИЗНАЦИ
Работа: Опасноста од овој период лежи во комуникацијата на работа. Предизвикувачките аспекти можат да ви донесат секакви непријатности: од недоразбирања до манипулации од колегите.

Љубов: Следат дискусии меѓу вас и вашиот партнер. Најмалите нешта можат да бидат причина. Зад сето ова може да стои чувството на партнерот дека не му посветувате доволно внимание

Здравје: Подложни сте на вируси.

РАК
Работа: Овој период ќе биде одбележан со потешкотии во деловната соработка со еден соработник. Ако се фокусирате на сигурни соработници, кои со задоволство ќе се приклучат на вашиот тим, можете да постигнете финансиски успех.

Љубов: Овој период може да ви донесе дискусии со партнерот. Постои можност да имате сосема различни ставови за некои многу важни работи.

Здравје: Намален имунитет. Време е да земате витамини.

ЛАВ
Работа: Акцентот во овој период е ставен на придржувањето до најважните работи. Во спротивно, постои можност за пробивање на рокот, како и доцнење во реализацијата на важна деловна цел.

Љубов: Моменталната положба на планетите може да оживее некој стар проблем помеѓу вас и вашиот партнер. Тоа е криза на доверба, па дури и љубомора од страна на партнерот.

Здравје: Проблем со ‘рскавицата на коленото.

ДЕВИЦА
Работа: Овој период ви носи посебен предизвик, а тоа е да ги надминете разликите во ставовите. Внимавајте што се однесува до некои колеги, меѓу нив има и ваши тајни непријатели.

Љубов: Се двоумите да и пријдете на една личност која ви се допаѓа. Наскоро може да има вистински сплет на околности што ќе ви го овозможат тоа.

Здравје: Анксиозност, депресија. Оди на лекар.

ВАГА
Работа: Вашиот однос со претпоставените може да има надолна патека и голема е можноста да одлучите да ја смените работата, со подобри услови за работа.

Љубов: Со својот шарм и убавиот изглед привлекувате внимание каде и да се појавите. Ова може да предизвика љубомора кај вашиот партнер, па можни се љубоморни сцени. Вагата која е слободна може преку работа да запознае интересна личност.

Здравје: Алергија.

ШКОРПИЈА
Работа: Кога овој аспект е засегнат, може да се случат многу непредвидени работи: од неконзистентно однесување на деловен соработник, до доцнење на важни исплати на пари. Сето ова може да го забави вашето деловно темпо, што создава напнатост, стрес.

Љубов: Многу неправда се наталожи меѓу вас и вашиот партнер. Премногу сте преокупирани со вашите деловни обврски.

Здравје: Потребен ви е одмор.

СТРЕЛЕЦ
Работа: Негативната енергија од овој период се состои во неуспешна соработка со некои пријатели и генерално во вашата лоша деловна комуникација.

Љубов: Богатиот социјален живот и излегувањето со некои пријатели ќе ви донесат можност да запознаете личност која ќе ви се допадне на прв поглед. Постои можност вашата љубовна авантура да се претвори во нешто многу постабилно.

Здравје: Одлично се чувствувате.

ЈАРЕЦ
Работа: Бавното темпо на работа може да го одбележи овој период. Вашиот однос со еден деловен соработник или претпоставен може да стане проблематичен.

Љубов: Овој период може да ви донесе несогласувања со партнерот, а тоа особено може да се однесува на некои важни прашања кои се однесуваат на вашата иднина. Постои можност и за стапување во врска со личност која не е слободна.

Здравје: Главоболка.

ВОДОЛИЈА
Работа: Клучот за успехот за овој период е да се најде компромисно решение во деловен договор со доста тешки соработници.

Љубов: Предизвикот во овој период не е да се изолирате во својот свет и целосно да се отуѓите од партнерот. Бидете искрени и отворено разговарајте за сите проблеми кои се појавија во последно време.

Здравје: Мускулен спазам.

РИБА
Раљбота: Деловните Риби може да имаат проблеми со трговијата, образованието и недвижностите. Во овој период внимателно избирајте нови соработници.

Љубов: Атмосферата на изненадување ќе го одбележи овој период. Постои голема можност една случајна средба да ви донесе обновена комуникација со поранешниот љубовник. Токму тоа може да ве врати на врската од минатото.

Здравје: Намален имунитет.

By Author