Вашиот секојдневен живот, е вашето училиште, вашиот храм и вашата вера.

ОВЕН
Работа:
Овој период ви носи завршување на работа на важна деловна задача или проект. Завршуваш едно поглавје и започнуваш друго. Акцентот е ставен на квалитетот на презентирање на вашите идеи пред деловните соработници, бидејќи многу ќе зависи од вашиот сигурен настап.

Љубов: Променливото расположение и импулсивноста може да придонесат вие и вашиот партнер повремено да имате несогласувања, па дури и жестоки расправии, околу најбаналните ситници. За слободниот Овен постои можност за тајна врска со личност од работа.

Здравје: Последица на честите главоболки, мигрена.

БИК
Работа:
Деловните патувања можат да ви донесат неочекувани пресврти и изненадувања, па вашите преговори можат да одат во сосема изненадувачка насока. Таа ненадејна промена на деловните услови ќе бара дополнителни прилагодувања. Во секој случај, подгответе резервен план.

Љубов: Сакате суштински да промените нешто во однос на партнерот. Ова ќе ве доведе во ситуација кога ќе се соочите со избор „или – или“. Ако не сте задоволни од врската, можете да се одлучите за радикални решенија. Слободниот Бик може да биде изненаден од порака од поранешна љубов.

Здравје: Направете основна анализа.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Вашиот бизнис план беше во атмосфера на големи предизвици во претходната недела. Атмосферата на тешки преговори и постојаната неизвесност многу ве исцрпи. И покрај ова, овој викенд ќе успеете да го надминете проблемот кој го блокираше вашиот бизнис.

Љубов: Можни се расправии со партнерот, но може да испадне дека сомнежите на партнерот биле неосновани. Слободните Близнаци можат да се смират со поранешниот партнер.

Здравје: Направете ултразвук на урогениталниот систем.

РАК
Работа:
Направете анализа на мината ситуација на работа. Можеше да дојде до одложување или каснење на работата на важен дел од деловната задача. Применете го вашиот претходно подготвен резервен план за да го надминете нестабилниот период.

Љубов: Раковите кои се слободни лесно можат да влезат во врска со личност која ја познаваат преку работата. Можен е почеток на врска. Раковите кои се во врска поминуваат низ турбулентен период, бидејќи собрале многу негативни поени во однос на однесувањето на партнерот. Обидете се да најдете компромисно решение.

Здравје: Проблеми со стомакот.

ЛАВ
Работа:
Овој период ви носи завршување на работата на важен деловен проект. Решивте да внесете нови елементи во вашата работна средина, како и нови работни методи. Деловен успех ве очекува преку проширување на кругот на деловни соработници и зголемен обем на работа. Треба максимално да ја искористите наклонетоста на планетите.

Љубов: Расположенијата ви се променливи и тешко ви е да го балансирате деловниот и емотивниот живот. Вашата дилема може да се одрази и во двоумењето помеѓу двајца потенцијални партнери. Ситуацијата бара искрено самоиспитување.

Здравје: Дехидрација, внесувате мала количина на вода во организмот.

ДЕВИЦА
Работа:
Во овој период може да имате падови и доцнење во реализацијата на деловните планови. А сепак, благодарение на тоа што сте исклучително вредни, успешно ќе го надминете овој период. Можни се непредвидени проблеми, но и проблеми со документацијата.

Љубов: Девиците се соочени со посебен предизвик на љубовен план бидејќи се повеќе им се допаѓа личноста од работа, но се двоумат да го направат првиот чекор. Слободните Девици можат да се најдат во дилема со повеќе потенцијални можности за врска.

Здравје: Намалете го внесот на слатки, како и мрсна, брза храна. Подгответе се за летната сезона!

ВАГА
Работа:
Вистинско време да промените нешто важно во кариерата. Сега е време да се вклучите околу важна деловна цел. Ако сакате да го промените вашето работно место, сега е вистинското време за тоа. Односите на работа каде што работите се на надолна траекторија.

Љубов: Враќањето на поранешната љубов може да ве стави во дилема. И покрај ова, вашите емоции се уште се силни, па ќе одлучите да ја обновите врската. Вагите кои се во брак треба навремено да решат некои семејни проблеми за да не се наталожат и подоцна да донесат сериозни последици.

Здравје: Проблеми со синусите.

ШКОРПИЈА
Работа:
Овој период може да го означи службено патување и решавање на административни прашања. Обидете се да се држите подалеку од манипулативните колеги, бидејќи постои можност за шеми. Финансиската добивка доаѓа до вас благодарение на напорната работа.

Љубов: Ве очекува бурна љубовна врска со личност која можеби ќе ја сретнете на патување. На почетокот сè изгледа како флерт, но само времето ќе ви каже дека вашата врска ќе биде повеќе од минлива врска. Поради ова, ќе се најдете пред важни одлуки во која насока ќе оди таа врска понатаму.

Здравје: Настинка.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Вашите односи со соработниците може да поминат низ турбулентна фаза. Зад вас е недела во која дојде до промена на планот, но секогаш некако се снаоѓате и сте добри во импровизирањето решенија. Затоа многумина ви завидуваат. Нестабилна финансиска состојба.

Љубов: Ситуацијата на љубовен план е доста сложена. Потребно е отворено да разговарате со партнерот за да решите долгогодишен проблем. Слободните Стрелци можат да влезат во врска со пријател кој долго време им се допаѓа и кон кого не се рамнодушни.

Здравје: Проблеми со забите.

ЈАРЕЦ
Работа:
Во овој период, некои луѓе може да ги вратат парите што сте им ги позајмиле или да добиете пари што доцнат поради некоја причина. Одлична деловна одлука може да ви донесе финансиски успех во иднина.

Љубов: Овој период може да го означи почетокот на љубовната врска која се заснова повеќе на сексуална привлечност отколку на емоции. Ве очекува бурен љубовен период. Преку работа или на службени патувања ве очекува ново познанство со фатално привлечна личност во знакот на Бик или Шкорпија.

Здравје: Не започнувајте диета самоиницијативно, без консултација со нутриционист.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Овој период ви носи можност за обновување на старата деловна соработка. Финансиската состојба ќе почне да се подобрува благодарение на вашите правилни одлуки во врска со работата на проектот. Аспектите упорно ќе ве попречуваат во однос на готовинскиот тек.

Љубов: Проблеми и неопходност од дополнително прилагодување во однос на партнерот. Партнерот може да се жали дека го запоставувате, а тие поплаки се оправдани, затоа што посветувате повеќе време на работата. Доколку сте слободни, ве очекува авантура базирана повеќе на сексуалната привлечност.

Здравје: Проблеми со стомакот.

РИБА
Работа:
Помошта на влијателна личност може да ви помогне да постигнете голем потег во кариерата или едноставно драстично да го проширите бизнисот. И покрај стагнацијата на готовинскиот тек минатата недела, наскоро ќе имате дополнителен извор на приходи на кој претходно не сте сметале.

Љубов: Рибите очекуваат да запознаат атрактивна личност преку пријател или преку работа. Личноста од Шкорпија може сериозно да ви го привлече вниманието. Голема е можноста за започнување сериозна врска. Рибите кои се во врска очекуваат постепено усогласување на врската

Здравје: Проблеми со кожата, алергии. Задолжително консултирајте се со дерматолог.

By Author