Сообраќајна несреќа се случила во Швајцарија кога жена три пати била прегазена од нејзиниот личен автомобил поради сплет на чудни околности.
Жената (45) наводно излегла од автомобилот во Сент Гален за да извади нешто од чизмите. Автомобилот останал вклучен, а бидејќи бил на мала падина почнал да се лизга наназад, јави швајцарската агенција АТС.
Жената се обидела да го запре возилото, но паднала на земја по што автомобилот првпат ја прегазил.
Автомобилот потоа удрил во друго возило, кое го турнало во спротивна насока, така што по втор пат ја прегазило жената, соопшти полицијата.
По ова автомобилот наводно удрил во тротоарот, по што повторно тргнал во правец на жената. Потоа ја прегази по трет пат, пренесува Daily Mail.
Автомобилот конечно застанал кога удрил во дрвена ограда.
Жената завршила во болница со тешки повреди, соопшти швајцарската полиција.