Непознат напаѓач избодел неколку лица во југоисточна Норвешка, соопшти полицијата на оваа земја. Според пишувањата на медиумите, повредени се четири лица, од кои едно се здобило со тешки телесни повреди.
Според последните информации, шведската полиција успеала да го лоцира и уапси напаѓачот, кој по случаен избор ги избирал жртвите.
Според медиумите, дојавата за нападот полицијата ја добила во 8 часот и 47 минути по локално време.
Очевидци тврдат дека на лице место имало неколку амбулантни возила и три хеликоптери.