Колку ЛУЃЕТО знаеме да бидеме НЕ ЛУЃЕ

Вознемирувачки сцени од здружение на животни во Мексико го обиколуваат светот, прикажувајќи животни во катастрофална состојба, гладни до тој степен што почнале дури и да ги јадат сопствените делови од телото. Во описот на веб-страницата на Здружението Црн Јагуар-Бел тигар (BJWT) од Мексико се наведува дека „неуморно работи на спасување, рехабилитација и грижа за животните“, сепак, излегува дека сè е спротивно од тоа.

Откако на интернет почнаа да кружат фотографии од изнемоштени, вознемирени и повредени лавови, неколку организации за заштита на животните го пријавија здружението во полиција, а на почетокот на минатата недела истражителите се вклучија за да ги преземат неопходните мерки. Сопственикот, Едуардо Серио, наводно побегнал, пишува Мирор.

„Местото сега е под контрола на надлежните, сопственикот е бегалец од правдата, никаде не се појавил. „Само што имавме состанок со властите во Мексико Сити за да можат ветеринарите да почнат да ги спасуваат исцрпените животни“, рече активистот за животни Артуро Ислас Аљенде, кој го нарече местото „пекол на земјата“.

Некои објави покажуваат гладни лавови како ги гризат сопствените опашки од беспомошност.

На некои им фали око, уво, страшно се слаби и дехидрирани. Накратко, сè го поддржува фактот дека животните живеат во мизерни услови без храна, ветеринари или соодветен простор за движење.

„Се започна со работник кој неодамна беше отпуштен и имаше многу видео докази кои покажуваат дека животните биле малтретирани“, изјави претседателот на Здружението на зоолошки градини Ернесто Зазуета. „Имаме ужасни докази дека некои животни биле жртвувани, додека други биле изедени за да се избегне гладување“, објавија истражувачите.

За време на нивната рација, инспекторите биле фрапирани пронашле јами во кои се наоѓаат коски и остатоци од повеќе од 200 диви мачки.

„Има дупки со коски на закопани животни. Здружението соопшти дека има 400 мачки, вчера беше направено пребројување со властите и евидентирани се само меѓу 180 и 190, помалку од половина од нив се живи“, додаде Аљенде.

Тој тврди дека сопственикот Едуардо незаконски продавал младенчиња лав, тигар и леопард и дека со месеци не им плаќал на вработените. Исто така, здружението немало точни хартии или законски дозволи, туку сè се работело „тајно“.

BJWT, исто така, доби милиони долари во донации, вклучително и од познати личности, кои не стигнале до животните и биле поврзани со затајување данок.

Организациите, како и властите даваат се од себе за да им помогнат на загрозените суштества, додека Серио е под истрага и баран поради злоупотреба на животни.

„Едуардо Серио, сопственик на Black Jaguar-White Tiger, се бара поради крајно запоставување и злоупотреба на стотици диви мачки“, заклучи обвинителот.

By Author