Властите во Хонг Конг извршија рација во продавница за домашни миленици за да започнат со планираното истребување на околу 2.000 хрчаци и други мали цицачи поради избувнувањето на епидемијата на коронавирус.

Десетици луѓе се собраа пред продавницата на протест додека животните беа однесени во кутии.

Ширењето на вирусот делта сој поврзан со работник во една од продавниците за миленичиња ги натера службениците да тестираат стотици животни – 11 хрчаци биле позитивни.

На луѓето кои купиле хрчаци на 22 декември, можеби како новогодишен подарок, им било кажано дека животните ќе мора да ги предадат на властите за да ги заспијат.

За разлика од многу други места, Хонг Конг, како и централните кинески власти, одржува стратегија „нулта ковид“ фокусирана на елиминирање на болеста.

Официјалните лица рекоа дека случајот може да биде пример за пренос на вирусот од животно на човек.

Ако имате Ковид-19, избегнувајте контакт со вашето куче или мачка
Од глодари до луѓе – како настанал сојот омикрон
Јужна Кореја воведува тестови за коронавирус за кучиња и мачки
На прв поглед, се чинеше дека другите животни во продавниците за миленичиња ќе имаат повеќе среќа од хрчаците и ќе преживеат, бидејќи, на пример, зајаците и шиншилите имале негативни тестови.

Но, како „превентивна мерка“, властите одлучија да убијат 2.000 хрчаци и други мали цицачи.

Во Хонг Конг има 34 продавници за миленичиња и центри за заштита на животните.

Хрчак се држи меѓу двете раце на една личност на оваа фотографија
ФОТОГРАФЕР АВТОР, ГЕТИ ИМИЏС
Се воспоставува телефонска линија за сопствениците на хрчаци, а ќе се воведе забрана за увоз и продажба на хрчаци и други мали цицачи, соопштија владини претставници.

Во меѓувреме, покрената е онлајн петиција, потпишана од повеќе од 26.000 луѓе досега, во која се повикуваат властите да престанат да убиваат хрчаци.

„Миленикот е најдобар пријател на сопственикот и поради наредба на владата илјадници луѓе неоправдано би можеле да останат без него“, се наведува во петицијата.

Вработените во продавницата за миленичиња, муштеријата и неговата сопруга, биле тестирани за вирусот и резултатот бил позитивен, соопштија здравствените власти.

Животните, како што се кучињата, мачките и глодарите, кои обично се чуваат како домашни миленици, исто така може да бидат заразени со вирусот Ковид-19.

Но, нема јасен доказ дека миленичињата лесно можат да ја пренесат инфекцијата на луѓето.

„Сопствениците на домашни миленици треба да се придржуваат до хигиенските мерки, како што се миење раце по допирање на животни, по хранење и да избегнуваат бакнување со животни“, изјави директорот за земјоделство во Хонг Конг, Леунг Сиу-Фаи на новинарите на прес-конференција.

Таа вети и дека 2.000 хрчаци и други помали животни ќе бидат убиени на хуман начин.

На крајот на 2020 година, милиони одгледувани куни во Данска беа убиени поради страв од мутации на вирусот што потенцијално може да се појават кај животните.

By Author