Холандската влада денеска објави дека мобилните телефони, таблетите и паметните часовници ќе бидат забранети во училниците од 1 јануари следната година.

Холандската влада вели дека употребата на овие уреди ќе биде дозволена само доколку се потребни за време на часовите за дигитални вештини, од медицински причини или за лица со посебни потреби, пренесува Ројтерс.

„Иако мобилните телефони се испреплетени со нашите животи, тие немаат место во училницата“, изјави холандскиот министер за образование Роберт Дајкграф.

Тој изјави дека учениците треба да бидат способни да се концентрираат, и да им се даде можност добро да учат.

„Мобилните телефони го одвлекуваат вниманието, тоа го покажуваат научните истражувања. Мораме да ги заштитиме ученицит од тоа“, рече Дијкграф.

Забраната е резултат на договор меѓу министерството, училиштата и невладините организации.

By Author