Активистите за животна средина со блокади предизвикаа хаос на улиците на Берлин, а нивните протести ги осудија граѓаните на главниот град на Германија и политичарите.
Поради блокадата многу возачи сакале да се пресметаат со активистите, објави Дојче веле.
Групата за заштита на климата, која себеси се нарекува „Последната генерација“, во изминатиот период е позната по своите радикални протести, како што се лепењето за асфалтот и уништувањето уметнички дела во музеите и галериите.
– Блокадите на патиштата од активисти го продлабочуваат јазот во општеството наместо да ја зголемат свеста на граѓаните за борбата против климата – изјави генералниот секретар на владејачките либерали, Бижан Џир Сарај.
Тој рече дека цехот на ваквиот „елитистички протест, за жал, го плаќа целото општество“.
– „Последната генерација“ прави лоша услуга за заштитата на климата и движењето на животната средина – рече Ѓир Сарај.
Климатските активисти го парализираа сообраќајот во Берлин во понеделникот, а на 30 точки беа најавени блокади, јави ДВ.
На улицата имаше околу петстотини полицајци, а на крајот беа приведени околу 200 демонстранти.
На секоја пријава за обид за блокирање на улиците, било со лепење за асфалтот, било со едноставно стоење на улица, активистите на одредени места предизвикувале метеж кој траел со часови, полицијата брзо реагирала.
– Во сообраќајниот метеж беа заробени и 17 амбулантни возила – изјави берлинската социјалдемократска сенаторка за сообраќај, Ирис Спренгер. Не се знае дали тоа имало последици по здравјето на пациентите.
Својот „ентузијазам“ го покажаа и неколкуте гневни возачи кои се обидоа насилно да ги отстранат активистите на блокираниот градски автопат А100.
Полицијата апелираше до возачите и покрај оправданиот гнев да не ја земаат правдата во свои раце и им порачаа дека ќе ја решат ситуацијата.