Најмалку едно лице загина, а повеќе од 60 беа повредени, од кои некои критично, кога трибина за седење се сруши вечерва во преполната синагога во еврејска населба на Западниот брег, објави израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом.

Инцидентот се случил во населбата Гиват Зев, северно од Ерусалим, пренесува Ројтерс.Портпарол на службите за итни случаи изјави дека околу 10 лица се сериозно повредени.

Според портпаролот на полицијата, 650 верници биле во синагогата во тоа време, за почетокот на еврејскиот празник.

https://twitter.com/DobyH1/status/1393965549529481218?s=19

Инцидентот се случи неколку недели по стампедото на верска прослава во северен Израел, кога беа загинаа 45 ултра-православни Евреи.

By Author