Во Брисел денеска се одржува уште еден протест против мерките воведени за сузбивање на корона вирусот.
Протестот е паневропски и на него учествуваат граѓани од сите земји на Европската Унија, кои протестираат против начинот на воведување мерки и барање демократија, почитување на основните човекови права и Уставот.
Според првите проценки на полицијата, на улиците има десетици илјади луѓе, а организаторите тврдат дека ги има повеќе од сто илјади.
Демонстрантите кои шетаат по улиците на Брисел тврдат дека „ја бранат демократијата, човековите права и правото на устав“. Ова е петти протест против мерките во последните два месеци, додека претходните четири ги одбележаа насилство и судири со полицијата.
На денешниот протест говор ќе има и хрватскиот европратеник Иван Вилибор Синчиќ, пишува Index.hr.