Силно невреме во текот на ноќта го погоди крајбрежјето во северна Германија, кое предизвика прекин во железничкиот сообраќај, а метеоролошката служба издаде предупредување за можни поплави во Хамбург, соопшти денеска Службата за вонредни ситуации.
Познатиот рибарски пазар во Хамбург е поплавен, бидејќи нивото на водата во реката Елба се зголемило за 5,2 метри над нормалното ниво, пренесе Ројтерс.
Германската метеоролошка служба предупреди дека на север може да дуваат урагански ветрови кои би достигнале брзина и до 100 километри на час.
Пожарникарите во Хамбург примиле 450 повици од граѓани ноќта меѓу саботата и неделата.
Паднатите дрвја што ги блокираа пругите и патиштата беа расчистени, а двајца мажи беа спасени откако нивниот брод се заглави под мост во северниот дел на градот.
Јавниот сервис на НДР извести дека неколку населби во близина на градот Вилсмар, источно од Хамбург, останале без струја.