Во Буковел, познат ски-центар на украинските Карпати, никој не очекуваше успешна сезона поради војната која трае во таа земја. Сепак, се случи неочекуваното – Буковел стана прибежиште за богатите Украинци кои бегаат од војната, а како што самите истакнуваат, не сакаат да одат во засолништа.
Кога започна војната во Украина, луксузниот ски-центар беше целосно празен. Поради паника сите гости го напуштиле хотелот, но ситуацијата драстично се променила само неколку дена подоцна. Според сведочењето на хотелските работници, автомобилите барале паркинг место пред хотелот само неколку дена по почетокот на војната, а набрзо ги имало 5.000, повеќето со киевски таблички.
„Не се гледам себеси во бегалски кампови“, им рече една жена на новинарите на францускиот Монд кои го посетија ски-центарот.
Хотелските работници ги уверуваат неочекуваните гости дека објектот нема да биде затворен во наредниот период. Сепак, се покажа дека најшокантниот детал од оваа приказна е фактот што сопственик на ски-центарот е олигархот Олександр Шевченко, кој се кандидираше на претседателските избори во 2019 година и освои само 0,57 отсто од гласовите.