На 11.04.2023 околу 21.20 часот во дворното место на Т.Ј. во село Дедино, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш пронашле товарно возило „ман“ со радовишки регистарски ознаки, натоварено со 11 кубни метри огревни дрва. Притоа, во координација со Шумска полиција Радовиш било утврдено дека лицето не поседува соодветна документација за огревните дрва, по што товарното возило и дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“ – подружница „Плачковица“ Радовиш за натамошна постапка.
Нешто пред тоа, во 10.40 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во координација со вработени од Шумска полиција Радовиш извршиле контрола и во дворно место на У.Д.(53) од село Коџалија, радовишко, пронашле поголема количина дабови огревни дрва.
При контролата било утврдено дека лицето не поседува соодветна документација за 4 кубни метри огревни дрва, по што тие биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница „Плачковица“ Радовиш за натамошна постапка. По документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави-соопштуваат од МВР.