Го слушнавме апелот на граѓаните сепак е криза има потреба да се користи и тој болнички капацитет и во таа смисла веќе утре на владата ќе и го поднесеме предлог измена на законот за здравствена заштита, информира министерот Филипче.
Изјави дека денеска на главниот координативен штаб се дискутирало за повеќе работи во однос на менаџирањето со вакцините и целокупниот процес.
Би сакал да соопштам дека се донесе одлука да се направи измена во законот за здравствена заштита со која на приватните болници ќе се ограничи висината на наплата на финансиски средства, за времетраење на кризата или вонредна состојба а што се однесува конкретно залекување на ковид пациенти.
Дополнително министерот информира дека од почетокот на февруари имало иницијатива преку македонскиот Амбасадор со емиратите со Абу Даби и денеска ќе стигне донација од 2.000 кинески вакцини.