Секторот за внатрешни работи Битола – ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против П.Т.(29) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Имено, на 04.08.2023 околу 03.00 часот, П.Т. со употрена на подесен алат влегол во стан во населба Точила во Прилеп и одзел пари, но бил затекнат од полициски службеници. Притоа, тој се обидел да избега и ги нападнал полициските службеници, но набргу бил совладан и лишен од слобода. По консултација со јавен обвинител поднесена му е пријавата, а од страна на судијата на претходна постапка определена му е мерка притвор и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката-соопштуваат од МВР.