9ти мај 2015 Куманово на улицата Тоде Мендол или попозната како “Диво Насеље” во раните утински часови започнаа пукотници а Куманово како да стана дел од воена зона. Поминаа шест години од немилиот настан во кој се судрија вооружена група и македонскате безбедносни сили.

Никогаш да не се повтори велат Кумановци,а Македонија како и секоја година се сеќава на хероите кои не се повлекоа и стоеа цврство бранејќи го овој народ 37 повредени и осум загинати припадници на безбедносните сили беше резултатот после дводневната борба во вооружената престрелка беа убиени и 10 членови на вооружената група од кои деветмина беа косовски државјани.

Сите даваме по нешто некои дадоа се.Слава им на македонските херои!!!

За “Диво Насеље” доживотен затвор добија седум лица, 13 беа осудени на затворски казни од 40 години, шестмина на 20 години, еден на 18, двајца на 14, двајца на 13 и уште двајца на 12 години затвор.

Пресудите подоцна ги потврди и Апелацискиот суд во Скопје.

Во спомен на загинатите колеги полицискиот службеник Филип Гарески напиша трогателен статус :

Диво Насеље, Куманово, Македонија..
Секој 9ти Мај – истата болка.
2015та, кога го спуштав знамето на половина копје во Центарот за обука, плачев, повеќето плачевме но некои се смееја и се ситеа на настанот. На нив никогаш не им заборавив..
На денот кога светот ја славеше победата над фашизмот, а Европа празникот на обединувањето, ние тажевме по едни херои чија жртва не ја оправдавме. Не! Не ја оправдавме! И уште тажиме и ќе тажиме..
Горан Стојменовиќ-Србин, Љубиша Аранѓеловиќ- Љубе, Бобан Ивановиќ-Боби, Горан Илијевски- Мече, Жарко Кузмановски- Жаре, Исамедин Османи- Исо, Сашо Самојловски- Касандра, Ненад Серафимовски- Нено.
Можеби Бог сакал баш тогаш да згаснат, зашто тие се бореа против најголемите фашисти – терористите од 21. век. Терористите на кои политичарите подоцна им дозволија да им тече мед и млеко по македонските затвори. Да, мед и млеко..
А хероите победија, таа битка ја извојуваа!
Вечна ви слава!
Никогаш заборавени, Хероите живеат вечно!

By Author