Според извештаите на државните медиуми и властите во Владивосток, неговото тело било пронајдено во селото Берегово

Рускиот бизнисмен Иван Пекорин, висок менаџер на корпорацијата за развој на Далечниот Исток и Арктикот, е пронајден мртов во Владивосток.

Овој настан е последен во низата мистериозни смртни случаи на високи богати Руси кои ги загубија животите под неразјаснети околности од почетокот на годината.

– Пред два дена дознавме за трагичната смрт на нашиот колега Иван Пекорин. Неговата смрт е непоправлива загуба за неговите пријатели и колеги и голема загуба за нашата компанија. Го молиме неговото семејство да го прифати нашето искрено сочувство – пишува во соопштението на компанијата во која работел.

Според извештаите на државните медиуми и властите во Владивосток, неговото тело било пронајдено во селото Берегово. Тој наводно се удавил на 10 септември.

Пекорин е деветтиот високорангиран Русин кој е пронајден мртов под неразјаснети околности или кој наводно извршил самоубиство, пишува Си-Ен-Ен.

Претходно оваа година, компанијата за која работеше зазеде многу необичен став зборувајќи против конфликтот во Украина. Во соопштението кое беше објавено, компанијата повика на сочувство со жртвите, а потоа повика на прекин на конфликтот во Украина.

Да потсетиме, претседателот на Лукоил Равил Маганов почина на почетокот на септември откако под неразјаснети околности паднал низ прозорецот на болницата во Москва.

By Author