Соединетите Американски Држави и доставија на Украина информации кои им помогнаа на силите на оваа окупирана земја да убијат многу руски генерали, пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извор на висок американски функционер. NYT пишува дека дел од тајните напори на администрацијата на Бајден биле да и обезбеди на Украина разузнавачки информации во реално време на фронтот.

Наводно, Вашингтон и доставил на Украина детални информации за очекуваните движења на руските војници и локациите каде што се наоѓаат, како и други детали за рускиот мобилен воен штаб.

Украина ги спои тие информации со сопственото разузнавање и подготви артилериски и други напади во кои беа убиени руски војници.

Разузнавањето вклучува и прогнози за движењето на руските трупи, а беа собрани од неодамнешните американски проценки за таен план поврзан со борбите што Москва ќе ги води во Донбас во источна Украина.

Иако не е познат точниот број на руски генерали кои биле убиени со помош на разузнавачки податоци доставени до украинските сили од САД, досега на фронтот се убиени вкупно 12 руски генерали.

By Author