Соединетите Држави им наредија на членовите на семејството на персоналот на нивната амбасада во Украина да ја напуштат земјата поради страв од руска инвазија.
И на вработените во амбасадата кои не ги извршуваат најважните задачи им било кажано дека можат да си заминат, а истата порака била испратена и до американските граѓани.
Стејт департментот соопшти дека амбасадата останува отворена, но дека руската инвазија може да се случи „во секое време“.
Стејт департментот, исто така, ги предупреди луѓето да не патуваат во Украина и Русија поради растечките тензии и „опасноста да страдаат американските граѓани“.
„Постојат извештаи дека Русија планира значителна воена акција против Украина“, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Претставник на Стејт департментот изјави за новинската агенција АФП дека ќе се случи руска инвазија, „американската влада нема да биде во позиција да ги евакуира американските граѓани во таков случај“.
Овој потег на САД е дел од серијата мерки на претпазливост преземени од Стејт департментот кога кризите би можеле да ги загрозат американските дипломати, јавува дописничката на Би-Би-Си, Барбара Плет Ашер.
Се верува дека ништо конкретно во изминатите 24 часа не ја поттикнало одлуката.
Шефот на воената одбранбена алијанса на НАТО предупреди дека постои ризик од нов конфликт во Европа, бидејќи се проценува дека Русија стационирала околу 100.000 руски војници на границата со Украина.