Денес е 87 ден од војната во Украина

Руското Министерство за одбрана соопшти дека по предавањето на последните украински војници целосно ја ослободило фабриката за челик Азовстал во Мариупол. Објавено е и видео на кое се гледа предавањето на последните украински борци од Азовстал.

На видеото се гледа како руски војници ги проверуваат украинските борци. Некои од борците ги покажаа своите тетоважи пред камера на барање на руските војници.

Руски војник ја чека пресудата за воени злосторства
Руски војник обвинет за убиство на украински цивил изјави дека ја чека својата судбина на првото судење за воени злосторства во Киев.

Вадим Шишимарин (21) би можел да биде осуден на доживотен затвор откако признал дека убил невооружен цивил на почетокот на офанзивата. Пресудата најверојатно ќе следи во понеделник.

Русија тврди дека има контрола над фабриката за челик Азовстал
Русија изјави дека нејзините војници „целосно ја ослободиле“ фабриката за челик Азовстал во Мариупол, која се сметаше за последно упориште на украинскиот отпор во овој град.

Веста доаѓа откако украинскиот командант во Азовстал им наредил на војниците да си ги спасат животите и да ја запрат одбраната на градот.

Си-Ен-Ен не може самостојно да потврди дали сите украински војници ја напуштиле фабриката за челик. Украина исто така не го коментираше ова прашање.

Уништен културен центар во Лозова
Руски проектили уништија културен објект во источниот град Лозова. Во таа прилика повредил седум лица, меѓу кои и едно дете. Украинскиот претседател Владимир Зеленски го нарече нападот апсолутно зло и апсолутна глупост.

На социјалните мрежи се појави видео кое наводно претставува видео од нападот.

By Author