ДЕНЕС е 185. ден од специјалната операција на руската армија во Украина. Освен во Донбас, главните битки се водат во регионите Херсон, Николаев и Запорожје.

Мизинцев: Украина гранатираше болница во ЛНР, три лица загинаа
Шефот на рускиот Национален центар за управување со одбраната, Михаил Мизинцев, синоќа изјави дека Украина гранатирала болница во градот Страхов во Луганската Народна Република со помош на ракети ХИМАРС, при што загинале тројца цивили, а седум се ранети.

Тој рече дека болницата претрпела голема штета.

– Командантите на единицата на украинската армија кои го нарачале ова злосторство биле свесни дека избрале да таргетираат медицинска установа во која се лекуваат стари лица, деца и бремени жени – рече Мизинцев, а пренесе ТАС С.

Руските падобранци го спречија украинскиот пробив
Падобранците на Воздухопловните сили на Русија успеаја да го запрат обидот за пробив на украинската моторизирана пешадија со поддршка на борбени возила на релација Николаев-Криви Рог. Ова во саботата го соопшти руското Министерство за одбрана.

– Украинските националистички единици се обидоа да се пробијат на релација Николаев-Кривј Рог со помош на моторизирани пешадиски единици со поддршка на пешадиски борбени возила, но беа спречени од руски падобрански единици – се наведува во соопштението на воениот оддел.

Како што е прецизирано во Министерството за одбрана, загинале повеќе од 20 припадници на вооружените сили на Украина, а уништени се пет парчиња непријателска опремa.

Гранатирањето на Енергодар во тек
Во тек е гранатирање на Енергодар, градот во кој се наоѓа нуклеарната централа Запорожје, соопштија властите.
Како што е наведено, гранатирањето се врши од артилериски орудија.

Во борбите загина уште еден Американец
Американски државјанин е убиен за време на борбени операции во Украина, пишува весникот „Њузвик“, повикувајќи се на соговорник од американскиот Стејт департмент.

– Можеме да ја потврдиме смртта на државјанин на Соединетите Американски Држави во Украина. Од почит кон приватноста на семејството, засега немаме други коментари – изјавил соговорникот на весникот од Стејт департментот.

Британското разузнавање: Русија ги засилува нападите поради гласините за украинска контраофанзива
Според британското разузнавање, Русија можеби ги засилила своите напади во областа Доњецк во регионот Донбас во источна Украина во последните пет дена.

„Постои реална можност Русија да ги зголемила своите напори во Донбас во обид да привлече или уништи дополнителни украински единици, поради шпекулациите дека Украина планира голема контраофанзива“, се вели во соопштението.

Проруските сепаратисти најверојатно напредувале кон центарот на селото Писки, во близина на аеродромот во Доњецк, но севкупните руски сили постигнале мали територијални придобивки, се вели во најновиот извештај на Министерството за одбрана на ОК.

Енергоатом: Двата реактори во Запорожје се поврзани на мрежата
Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ објави дека двата функционални реактори во нуклеарната централа Запорожје, под руска контрола, се повторно приклучени на електричната мрежа. За прв пат во историјата, реакторите беа исклучени на 25 август по пожар предизвикан, како што тврди Киев, од руско гранатирање.

By Author