Во тек е 134-от ден од специјалната воена операција што Русија ја спроведува во Украина

„Силно гранатирање долж линијата на фронтот во Доњецк“
Министерството за одбрана на ОК го објави својот дневен брифинг за разузнавањето за ситуацијата во Украина.

„Силно гранатирање продолжи долж линијата на фронтот во Доњецк, но со слаб руски напредок. Руските единици кои беа вклучени во минатонеделните придобивки сега веројатно ќе бидат реконструирани“, се вели во извештајот.

Тие посочуваат дека на почетокот на неделава претседателот Владимир Путин им честитал на оние кои го зазеле Лисичанск, наведувајќи дека треба да се одморат.

Пешадијата напредува кон југ – Притисокот на руските трупи кон Славјанск се засилува
– Украинската армија денеска објави дека спречила големо напредување на руските трупи кон северот на Доњецк, но дека притисокот се зголемува со силно гранатирање на градот Славјанск и блиските населени места.

Во соопштението се вели дека руските сили бомбардираат неколку украински градови со тешко вооружување, за да и овозможат на пешадијата да напредува кон југ и да се приближи до Славјанск, пишува Гардијан.

Медведев: Идејата за казнување на нуклеарната Русија е закана за човештвото
– Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека обидите на Западот да казни нуклеарна сила како Русија за војната во Украина ризикуваат да го загрозат човештвото.

Русите го потврдија нападот на Змискиот остров
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руски воен авион во текот на ноќта го нападнал украинскиот Змиски остров во Црното Море.

Од друга страна, началникот на кабинетот на украинскиот претседател, Андреј Јермак, на Телеграм објави видео од тројца војници кои креваат големо украинско знаме на островот, од кој руските сили се повлекоа на 30 јуни.

Руската армија спречи терористички напад во Херсон
– Според неофицијални информации, руската армија спречила серија терористички напади во Херсон, изјави воен извор за Спутник.

Русија: Украина гранитираше село во руската област Брјанск
– Во украинското гранатирање на руската област Брјанск, оштетен е далновод, изјави денеска регионалниот гувернер Александар Богомаз.
Во вчерашното гранатирање на селото Некислици делумно е оштетен далновод. Откако единиците за поправка ја завршија својата работа, стручниот тим започна со реставраторски работи, напиша Богомаз на Телеграм.

Селото Некисличи се наоѓа во непосредна близина на границата со Украина, а според ТАСС, во нападот на 6 јули нема жртви.

Зеленски се пофали со „значајни удари“ против Русите со ново западно оружје
– Украинските ловци извршија неколку напади врз руски логистички цели со ново западно оружје – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во своето ноќно видео обраќање, Зеленски рече дека овие напади „влијаат на офанзивниот потенцијал на руските сили“.

Кадиров: Следна цел е уништување на терористите кои избегаа од Чеченија
– Шефот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на Телеграм напиша дека следната задача во Украина е „да ги уништи остатоците од терористите кои избегаа од Чеченската Република“.

Шмигал: Украина 1,9 милијарди долари за реконструкција

На меѓународната конференција посветена на обновата на Украина, што се одржа во швајцарскиот град Лугано, беа потпишани договори за искористување на помош во вредност од 1,9 милијарди долари, изјави синоќа премиерот на Украина Денис Шмигал.
– Речиси 1,9 милијарди долари. Толкава е вредноста на договорот за поддршка на Украина постигнат во Лугано, објави Шмигал на својот канал Телеграм и прецизира дека 600 милиони долари се наменети за фискална поддршка, а 500 милиони долари за развој на земјоделството, пренесува ТАС С.

Други средства, додаде тој, ќе бидат искористени за подготовка за претстојната грејна сезона и за дигитална трансформ

By Author