Денеска е 161 ден од воените дејствија на територијата на Украина
Зеленски: Ситуацијата во Доњецк е неопислив пекол
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во своето ноќно видео обраќање до нацијата, ја опиша како пекол ситуацијата во источниот регион на Доњецк, кој е под силни напади на руските сили.
„Нападите на Писк и Авдијевка се пекол што не можам да го опишам со зборови. И покрај пратките на американски ракети, сè уште не можеме целосно да ја скршиме руската надмоќ во артилерија и жива сила“, рече Зеленски, пренесува „Киев Индипендент“.
Русија тврди дека САД се директно вклучени во војната во Украина
– Русија тврди дека САД се „директно вклучени“ во војната во Украина.
Улогата на американската разузнавачка служба се најде под лупа откако Русија ја обвини Белата куќа дека обезбедува разузнавачки информации кои Киев ги користи за да изврши ракетни напади со долг дострел, пишува лондонски Гардијан.
Руското Министерство за одбрана тврди дека Вашингтон е „директно вклучен“ во војната и дека пренел разузнавачки информации што довеле до „масивни цивилни жртви“.
Батаљон „АЗОВ“ – тероисти
Врховниот суд на Русија донесе одлука со која украинскиот баталјон „Азов“ е прогласен за терористичка организација, а неговите активности на територијата на Русија се забранети.
Сега милитантите на „Азов“ може да се гонат како соучесници, учесници и организатори на терористичка организација, за што е предвидена казна затвор од 10 до 20 години.
Законот ги ослободува од одговорност лицата кои доброволно престанале да учествуваат во ваква организација, пред апсењето и поведувањето на истражни дејствија.
Почна судењето на водачот на „МЕЧКИТЕ СС“.
Врховниот суд на Народна Република Доњецк го започна судењето на Александар Кравцо, водачот на украинската неонацистичка група „Мечки СС“, познат и по тетоважите на нацистички симболи по целото тело, кој беше затворен во „ челичарница Азовстал“.
Злосторствата што ги направил се казнуваат со смрт. Во затворот ја призна вината. Тој раскажа како ги однеле заробените руски војници да бидат стрелани. Кравцов изјави дека неговата група добивала наредби од Киев од полковникот Олег Селивестров од Украинската служба за безбедност.