Специјалната воена операција на РУСИЈА во Украина влезе во 157-ми ден.
Москва врши притисок врз проруските власти на окупираните територии?
Низ ново окупираните територии во јужна Украина, властите инсталирани од Русија веројатно ќе бидат под зголемен притисок од Москва да ја консолидираат својата контрола врз регионот и да се подготват за референдуми за приклучување кон Русија подоцна оваа година, пишува во извештајот на британското Министерство за одбрана.
Тие наведуваат и дека Русија во моментов ги смета окупираните територии „под привремена цивилно-воена управа“ и дека локалните власти веројатно го принудуваат населението да дава лични податоци за да ги состави избирачките списоци.
Русија: Членовите на Азов заслужуваат смрт со бесење
На официјалниот Твитер профил на руската амбасада во Велика Британија пишуваше дека припадниците на украинскиот Азов баталјон заслужуваат да бидат погубени, но не со стрелање, туку со бесење, бидејќи не се вистински војници.
„Тие заслужуваат понижувачка смрт“, стои во соопштението на амбасадата со видео на кое брачен пар од Маријупол зборува за гранатирањето на нивниот дом.
Украинците ја нападнаа хидроцентралата во Нова Каховка
Украинската армија на полноќ пукаше кон хидроцентралата во Нова Каховка од американскиот повеќецевни ракетен фрлач Химарс, изјави за Спутник Владимир Леонтиев, шеф на администрацијата на областа Каховски во областа Херсон.
– Системот за противвоздушна одбрана ги одби сите напади, хидроцентралата не е оштетена – појасни тој.
Неодамна, украинската армија ги засили нападите врз хидроцентралата во Нова Каховка во областа Херсон.
Украинските војници утринава истрелаа десет гранати од 152 мм кон Доњецк
Утрово околу 06:30 часот е забележано гранатирање од страната на ВФУ во правец на населбата Первомајскоје – градот Доњецк (области Киев и Кујбишев).
Испукани се десет гранати од калибар 152 милиметри.
Гувернерот на регионот Брјанск, Александар Богомаз, изјави дека по гранатирањето од страна на Украинците, трафостаницата и неколку домаќинства биле оштетени.
Русија: Украина гранатираше село во областа Брјанск
Украинските војници го гранатираа селото Ломаковка во областа Брјанск, на западот на Русија, објави гувернерот Александар Богомаз.
Тој изјави дека се оштетени неколку куќи и трафостаници. Од почетокот на конфликтот со Украина, Русија објави дека украинските сили ги гранатираат пограничните области на руска страна.
Германските хаубици не успеаја на фронтот?
Од почетокот на војната во Украина, германскиот канцелар Олаф Шолц е на удар поради недостигот на воена помош од Берлин. Критиките не стивнуваат ниту сега кога решил да испрати оружје во Киев, бидејќи како што дознава германски Шпигел, Берлин во Украина испратил неисправни хаубици PzH 2.000, кои практично се неупотребливи на фронтот.
Украина: Ги одбивме руските напади – Ги уништивме мостовите на реката Днепар
Руските сили продолжија со нападите во повеќе правци, но украинската армија ги одби, јавува украинскиот Генералштаб. Нападнати се Славјанск, Бахмут, Авдивка и Новопавливка.
Украинската армија денеска соопшти дека убила десетици руски војници и уништила две складишта за муниција и три моста во областа Херсон, во центарот на контраофанзивата на Киев на југ. За Русија, овој регион е клучен за одржување на линиите за снабдување.
Железничкиот сообраќај кон Херсон преку реката Днепар е во прекин, соопшти Јужната команда на украинската армија. Ова потенцијално може дополнително да го комплицира снабдувањето на руските сили западно од реката.
Гаспром целосно го исклучи гасот за Летонија
Рускиот гасен гигант Газпром во саботата наутро објави дека целосно ја прекинал испораката на гас за Летонија. Според соопштението кое го пренесува весникот Комерсант, прекинот на испораката настанал поради „прекршување на договорот“, но не е прецизирано за какви прекршувања станува збор.
.