Специјалната воена операција на Русија во Украина влезе во 71-от ден.

Руските сили вежбаа симулирање на нуклеарни ракетни напади
Руското Министерство за одбрана денеска објави дека нејзините сили вежбаат симулирани нуклеарни ракетни напади во Калининград, западна енклава лоцирана меѓу Полска и Литванија.

Објавувањето војна на Украина „глупости“
– Русија ги отфрли шпекулациите дека ќе објави општа војна во Украина во наредните денови како „глупости“ поради шпекулациите на западните претставници дека претседателот Владимир Путин би можел да ја искористи Парадата на победата на 9 мај за да објави ескалација на воената акција, пренесува Гардијан.

Ракетен напад во текот на ноќта врз Краматорск
– Руските сили извршија ракетен напад врз Краматорск во областа Доњецк, а во гранатирањето се повредени шест лица, објави Градскиот совет на Краматорск на каналот Телеграм.

Крвави и тешки борби за Азовстал
Украинските сили веќе втор ден водат „тешки крвави битки“ против руските сили во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, објави Денис Прокопенко, командант на баталјонот Азов.

“Горд сум на нашите војници кои со натчовечки сили го задржуваат притисокот на непријателот. Ситуацијата е исклучително тешка“, напиша командантот во кратката порака на Телеграм.

Пораката дојде откако Русија објави дека влегла во областа на фабриката за челик, последното упориште на украинските сили во Мариупол, јавува Би-Би-Си.

Зеленски: Уште 344 цивили евакуирани од Мариупол
„Уште 344 лица се евакуирани од опколениот град Мариупол“, потврди украинскиот претседател Владимир Зеленски во своето последно национално обраќање, додавајќи дека на сите ќе им биде укажана потребната помош и дека секој ќе добие најдобар третман од Украина.

By Author