Во тек е 152-от ден од специјалната воена операција што Русија ја спроведува во Украина.
Руската и украинската страна се подготвуваат за следната фаза од борбите и во Донбас и на југот на Украина. Во тек е прегрупирање на силите во сите делови на фронтот.
Британските разузнавачи тврдат: Русите се во дилема
Британското Министерство за одбрана објави нов извештај на своите разузнавачи за ситуацијата во Украина.
„Руските команданти се соочени со дилема – да ги користат ресурсите во офанзивата на исток или да ја зајакнат одбраната на запад“, се вели во соопштението.
Борба на повеќе фронтови
– Во регионот на Харков се водат позициски битки. Руските ракетни и артилериски сили ги гаѓаат украинските позиции;
Руската армија ги „чисти“ предградијата на Северск и околните села;
Борби се водат и на влезот во Бахмут. Офанзивата на руските сили е комплицирана од фактот што украинската армија сè уште го контролира патот Бахмут-Светлодарск;
Во тек се битки за хидроцентралата Угљедарска. Во текот на ноќта имаше информации дека руските сили го зазеле овој стратешки објект, но засега никој не го потврдил.
Референдум за статусот на регионот Запорожје
Референдумот за статусот на Запорожјската област може да се одржи во првата половина на септември, изјави Владимир Рогов, член на главниот совет на администрацијата на Запорожјската област.
Како што наведе тој, референдумот може да се одржи истиот ден како и во регионот Херсон.
Русија: Откривме 220 луѓе одговорни за гранатирањето на Донбас
Руските истражители го утврдија идентитетот на повеќе од 220 лица вклучени во гранатирањето на Донбас, вклучително и луѓе од врвот на украинската армија, изјави денеска директорот на Рускиот истражен комитет Александар Бастрикин.
Украина тврди дека ќе го врати Херсон до септември
Украинските воени претставници велат дека јужниот регион Херсон се очекува да се врати во украински раце наесен и ќе користи западно оружје за да го ослободи првиот голем град заземен од руските сили до септември.
„Можеме да кажеме дека се случи пресврт на бојното поле. Се движиме од одбранбени во контраофанзивни акции. Можеме да кажеме дека регионот Херсон дефинитивно ќе биде ослободен до септември и дека сите планови на окупаторите ќе пропаднат. “ рече Сергиј Клан, помошник административен шеф на регионот Херсон.