Денеска е 284-от ден од војната во Украина.
Зеленски: Мораме да направиме се за да ја преживееме зимата
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во пресрет на претстојната студена сезона, апелираше на истрајноста и издржливоста на Украинците.
„Непријателот силно се надева дека ќе ја искористи зимата против нас: да ши направи зимскиот студ и тешкотија дел од неговиот ужас. Мораме да направиме се што можеме за да ја преживееме оваа зима, колку и да е сурова. Да се издржи оваа зима, рече тој, значи да се издржи се“, рече Зеленски во редовната видео порака.
САД бараат начин да ја прогласат Русија за „спонзор на тероризмот“
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека американскиот Конгрес работи на алтернативи кои ќе ги надминат пречките за прогласување на Руската Федерација за „земја спонзор на тероризмот“.
Гранатиран хостел во Луганск, има загининати
Три лица загинаа, а 15 се ранети во украинското гранатирање на хостел во Алчевск во Луганската Народна Република, соопшти Министерството за градежништво и домување на ЛНР.
– Вооружените сили на Украина на 5 декември рано изутрината го гранатираа Алчевск од американскиот повеќецевен ракетен систем ХИМАРС. Шест ракети беа истрелани врз градот. Според првите информации три лица загинале, а најмалку 15 се ранети – се наведува во соопштението.
Руските сили го гранатираа Запорожје
Руската армија извршила напади врз опрема, складишта за муниција и борбените позиции на украинските сили во Запорожје, соопшти претставникот на регионалната администрација Владимир Рогов.
– Според првите информации, цел на нападот биле магацини за воена опрема и муниција, борбени позиции на Вооружените сили на Украина, како и инфраструктурни објекти што ги користел режимот Зеленски за водење војна – рече Рогов.
Доњецк гранатиран 34 пати
Во изминатите 24 часа, украинската армија 34 пати ја гранатирала територијата на Народна Република Доњецк, истрелајќи повеќе од 150 единици муниција, соопшти Претставништвото на ДНР при Заедничкиот центар за контрола и координација на прашањата поврзани со воените злосторства на Украина.
Во Шведска е убиен познат чеченски блогер и критичар на Кадиров
Во Шведска е убиен чеченскиот блогер Тумс Абдурахманов, познат во јавноста како критичар на Рамазан Кадиров. Се уште нема информации кој би можел да стои зад убиството, а некои пријатели на блогерот сугерираат дека тоа би можело да биде одмазда на руските служби.
Експлозии на аеродромот во Русија, има и жртви
Две силни експлозии одекнаа во руските воздушни бази каде се подготвуваа големи напади врз Украина.
Се сомнева дека врз воздухопловната база Енгелс 2 кај Саратов паднал авион без екипаж и дека во таа прилика биле оштетени два бомбардери со долг дострел Ту-95, пишува британски Телеграф.
Втората експлозија се случи во руската воена база недалеку од Рјазан, во која беше разнесен камион со гориво. Три лица загинаа, а пет беа ранети.
Киев не ја презеде одговорноста за нападите, но се верува дека стои зад десетици слични напади врз руски воени бази и складишта за снабдување.
Русија истрела нова палба од проектили
Украина соопшти дека Русија истрелала нов налет на проектили, додека воздушните предупредувања се огласиле во многу делови на земјата, вклучително и во Киев.
Сирените се огласија во главниот град и низ поголемиот дел од Украина, како што официјалните лица го опишаа како најнов во бранот руски ракетни напади, објави Ројтерс.
„Ракетите се веќе лансирани“, изјави портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Ихнат. Засега нема информации за штети или жртви.