Ракетни напади во Запорожје
Руските сили утринава извршија ракетни напади врз Запорожје, на југот на Украина, соопштија регионалните власти. Деталите за нападот се утврдуваат, пренесува „Украинска правда“.

Украинскиот град Кремин падна
Наводно паднал градот Кремин во Луганск, соопшти Министерството за одбрана на Велика Британија во секојдневното ажурирање, без да даде детали.

Министерството за одбрана додаде дека тешки борби се водат на југот на градот Изиум, додека руските сили напредуваат кон градовите Славјанск и Краматорск од север и исток, се наведува во соопштението.
Лавров: Ризикот од нуклеарна војна е реален и сериозен
Русија се обидува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и предупреди дека заканата од Трета светска војна е сериозна и реална.

„Русија се обидува да ја елиминира заканата од нуклеарна војна и покрај големите ризици во моментов“, изјави Лавров вчера за руската државна телевизија.

By Author