Денеска е 320-от ден од војната во Украина.
Рогов: Украинците се подготвуваат да го преминат Днепар
– Украинските војници се подготвуваат да го преминат Днепар во близина на акумулацијата Каховка, изјави за РИА Новости Владимир Рогов, член на главниот совет на руската администрација на регионот Запорожје.

– Во последно време, Днепар стана плиток – и стана плиток со причина. Ова индиректно потврдува дека украинските трупи се подготвуваат да го форсираат Днепар во областа на акумулацијата Каховка. Енергодар и нуклеарната централа Запорожје можат да станат една од насоките за десант трупите – изјави Рогов за агенцијата.

Зеленски: Областа околу Бахмут е една од најкрвавите
Областа околу источните градови Бахмут и Соледар „е едно од најкрвавите места на линијата на фронтот“, изјави украинскиот претседател Владмир Зеленски.

„Бахмут се држи, и покрај сè. Иако поголемиот дел од градот е уништен во руските напади, нашите војници одбиваат постојани руски обиди за напредување“, рече Зеленски, пренесе Ројтерс.
Тој посочи дека Соледар држи, иако има „уште поголеми разурнувања“, додавајќи дека ситуацијата е многу тешка.

Столтенберг: Потценувањето на Русија може да доведе до големи последици
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Стокхолм и Хелсинки го почитуваат трилатералниот меморандум што го потпишаа со Анкара и дека денес, во се поопасниот свет, „уште поважно е Шведска и Финска да станат членки на НАТО“.

Столтенберг повика на поголема поддршка за Украина и предупреди дека потценувањето на Русија може да доведе до „големи последици за безбедноста во нордискиот регион“, објавено е на веб-страницата на НАТО.

ДНР: Русите го окупираа селото Бахмутско
Руските сили ја презедоа контролата врз населбата Бахмутско во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР), тврди Штабот за територијална одбрана на ДНР.

„Од 9 јануари 2023 година, Бахмутско е под контрола на руските сили во Доњецката Народна Република“, се наведува во соопштението, пренесува ТАС С.

ВИДЕО Снимка од нападот на пазарот
Шеесетгодишна жена загина, а неколку луѓе се ранети во понеделникот во руски ракетен напад на пазар во селото Шевченков во источна Украина, изјави регионалниот гувернер, а пренесе Ројтерс.

Член на украинскиот парламент сподели видео од гранатиран локален пазар во регионот Харков во Украина. Кира Рудик изјави дека седум лица загинале во гранатирањето, меѓу кои и едно дете.

By Author