ВОЈНАТА во Украина денеска влезе во својот 236-ти ден.

Градоначалникот на Киев тврди дека во експлозијата биле оштетени станбени згради

Најмалку три експлозии одекнаа во понеделник наутро во главниот град на Украина, Киев.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на социјалните мрежи напиша дека експлозиите биле регистрирани во строгиот центар на градот.

Тој тврди дека во нападот биле оштетени станбени згради.

– Како последица на напад со дрон, избувна пожар во нестанбена зграда во населбата Шевченков во Киев. Противпожарните единици се на терен. Оштетени се неколку станбени објекти. Лекарите се на лице место – напиша Кличко.

Главниот град на Украина беше цел на „камикази беспилотни летала“, изјави шефот на кабинетот Володимир Зеленски.

https://twitter.com/200_zoka/status/1581869365536124928?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1581869365536124928%7Ctwgr%5E8f5e29ab07b292d60d195d4ad3b2b11bdde436b3%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.novosti.rs%2Fplaneta%2Fsvet%2F1163921%2Fnajnovije-vesti-rat-ukrajini-rusija-ukrajina-blog-uzivo-minuta-minut-foto-video

Истовремено, има информации дека имало напад на енергетски објекти во Днепар.

Во четвртиот по големина град на Украина од утрово гори електрана.

Украина нуди 100.000 долари за Игор Стрелков
Украинската Воена разузнавачка служба (ГУР) нуди 100.000 долари за поранешниот агент на руската Федерална служба за безбедност Игор Гиркин Стрелков.

– ГУР гарантира 100.000 долари за заробениот Игор Гиркин – Стрелков – објави украинското Министерство за одбрана на Фејсбук и другите социјални мрежи.

– Главниот разузнавачки оддел на Министерството за одбрана на Украина гарантира исплата на 100.000 долари за трансфер на Игор Гиркин (Стрелков) во украинско заробеништво – објави Министерството на Фејсбук.

Стрелков, наводно, се приклучил на војната во Украина во последните денови, како што пренесуваат украинските медиуми.

Во 2014 година, Стрелков беше во центарот на настаните во Украина.

Зеленски: Се водат жестоки борби околу Соледар и Бахмут
Жестоки борби се водат околу два града во Донбас – Соледар и Бахмут, изјави синоќа претседателот на Украина Володимир Зеленски.

– Клучните жаришта во Донбас се Соледар и Бахмут – рече Зеленски во вечерното видео обраќање, пренесе Ројтерс.

„Таму се водат многу жестоки борби“, истакна тој.

Градот Бахмут беше следната цел на руските вооружени сили во нивното напредување низ регионот на Доњецк, откако ги освоија клучните индустриски градови Лисичанск и Северодонецк во јуни и јули, објави агенцијата.

Соледар се наоѓа северно од Бахмут.

By Author