Денеска е 253-от ден од војната во Украина

Тревога во три украински региони
Во текот на ноќта сирени за воздушна опасност се огласија во три украински региони – Кривоград, Дњепропетровск и Запорожје.

Експлозии во Херсон, Николаев и Никопол
Серија експлозии одекнаа во градот Херсон, како и во украинските градови Миколаев, Никопол и Кривји Рих, објавија украинските портали.

Според извештаите, неколку украински медиуми јавија за експлозии во градовите Николаев и Херсон, како и во градот Никопол во областа Днепропетровск во Украина.

Медиумите објавија дека експлозии се случиле и во украинскиот град Кривји Рих.

Администрацијата на градот Нова Каховка во областа Херсон денес објави дека во градот се активирани системи за противракетна одбрана и дека се слушнале повеќе од десет воздушни експлозии.

„Одбројувањето започна“
Украинската нуклеарна централа Запорожје е исклучена од електричната мрежа откако руското гранатирање ги оштети преостанатите водови.

Градоначалникот на Енергодар, Дмитро Орлов, на Телеграм напиша дека сите 20 генератори се вклучени и дека електраната е исклучена од електричната мрежа во 23:05 часот по локално време.

„Одбројувањето започна“
Украинската нуклеарна централа Запорожје е исклучена од електричната мрежа откако руското гранатирање ги оштети преостанатите линии.

Градоначалникот на Енергодар, Дмитро Орлов, на Телеграм напиша дека сите 20 генератори се вклучени и дека електраната е исклучена од електричната мрежа во 23:05 часот по локално време.

Украина: Уништивме четири складишта за оружје на југот
Украинската армија објави дека во воздушните напади биле уништени четири руски складишта за оружје на југот.

Покрај тоа, јужната воена команда на Украина соопшти дека биле уништени и резервоари со гориво.

Турција прави се за да го протурка договорот за жито
Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека функционирањето на морскиот коридор за извоз на земјоделски производи од Украина е целосно нормализирано по враќањето на Русија на договорот за храна.

– Добивме писмени гаранции од Украина, му ги предадовме на Сергеј Шојгу. Во среда во 12 часот беше одлучено да продолжи функционирањето на механизмот за извоз на жито. Целосно е нормализирана работата на морскиот коридор. Неговото функционирање продолжува, ова е хуманитарна мисија – изјави Акар за телевизијата „Хабертурк“.

Министерот за одбрана рече дека Турција ги прави сите неопходни напори да го продолжи договорот за жито, кој истекува на 19 ноември.

Патрушев: Украина го гранатираше Запорожје
Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, денеска изјави дека украинските сили продолжуваат со гранатирање на нуклеарната централа во Запорожје и покрај посетата на делегација на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Состанок на министрите на Г7
Министрите за надворешни работи на Г7 денеска ќе се сретнат во Германија за да разговараат за најдобрите мерки за поддршка на Киев, откако неодамнешните руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина предизвикаа големи прекини на струја во земјата.

Шпанските системи за воздушна одбрана „Хавк“ на пат кон Украина
Шпанските системи за противвоздушна одбрана „Хавк“ веќе се на пат за Украина, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба во интервју за шпанското радио „Кадена СЕР“.

By Author