Војната во Украина влезе во 464 ден.

Русија од почетокот на мај само врз Киев изврши 15 масовни разорни напади , а се чини дека јуни ќе биде уште полош за жителите на Украина.
Воените власти на Киев на Телеграм објавија дека Русија истовремено лансирала беспилотни летала и крстаречки ракети

Воздушна закана беше прогласена низ Украина рано утринава поради руските ракетни напади, но таа беше укината неколку часа по нападот за поголемиот дел од земјата, вклучително и главниот град Киев, чии власти соопштија дека одбраната соборила повеќе од 30 руски ракети и беспилотни летала. .

Москва изврши околу 20 одделни ракетни и беспилотни напади врз украинските градови од почетокот на мај.

Воените власти на Киев на Телеграм објавија дека Русија истовремено лансирала беспилотни летала и крстаречки ракети, пренесува Ројтерс.

„Според прелиминарните информации, повеќе од 30 воздушни цели од различни типови се откриени и уништени во воздушниот простор над и околу Киев од страна на силите за воздушна одбрана“, се вели во соопштението.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, кој претходно објави два одвоени бранови напади, на Телеграм напиша дека нема повици за спасувачки служби. Украина тврди дека нејзината одбрана ги соборила повеќето руски ракети и беспилотни летала, според Ројтерс.

Во текот на вчерашниот ден Белгород бил нападнат од украински сили, соопшти Москва.

Началникот Вјачеслав Гладков изјави дека во нападот со дрон се повредени две лица. Спречен е уште еден обид на украинските сили да извршат терористички акт против жителите на градот Шебекино во областа Белгород во Русија, изјави генерал-полковник Игор Конашенков.

By Author