Денеска е 195-тиот ден од војната во Украина.
Бајден: Русија не треба да се означува како спонзор на тероризмот
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Русија не треба да биде означена како државен спонзор на тероризмот, етикета за која се залага Украина.
На прашањето дали Русија треба да биде означена како државен спонзор на тероризмот, Бајден им рече на новинарите во Белата куќа во понеделникот: „Не“.
Зеленски ги испрати луѓето во сигурна смрт
Неуспешната контраофанзива на регионот Херсон ја водеше самиот Владимир Зеленски, кој заради својот ПР и испраќање извештаи до западните спонзори, ги испрати луѓето во сигурна смрт, изјави за Спутник заменикот на регионалната администрација Кирил Стремусов.
Според неговото мислење, властите на западните земји, очекувајки го падот на режимот во Киев, самите ќе го предадат Зеленски, кој не може да избегне воен суд.
– Верувам дека трибуналот треба да се одржи во Киев. Зеленски треба да одговора за сета тага што му ја донесе на украинскиот народ – рече Стремусов.
Тој претходно изјави дека од крајот на август, украинските трупи веќе изгубиле околу 3.000 луѓе и околу 100 единици странска воена опрема во областа Херсон.
Нов напад на нуклеарната централа
Украинската армија во текот на ноќта со беспилотни летала ја нападна нуклеарната централа Запорожје, соопшти градската управа.
Во нуклеарната централа во моментов се врши ремонт на петтиот енергетски блок. Шестиот работи со намален капацитет.
Денеска пристигнува извештај за нуклеарната централа Запорожје
Експертската мисија на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) треба да ги објави своите наоди од нуклеарната централа Запорожје во детален извештај подоцна во вторник.
Тотална војна
На Русија и е објавена тотална војна, која се води во сите сфери, изјави заменик-шефот на руското Министерство за надворешни работи Сергеј Рјабков.
– Степенот на гнев на нашите противници, нашите непријатели е огромен – рече дипломатот за меѓународни работи.
Во нападот на Харков загинаа тројца цивили
Три лица загинаа во ракетен напад врз регионот Харков во текот на изминатиот ден, меѓу кои и една постара жена која загина синоќа во градот Харков, изјави украинскиот регионален гувернер Олех Синехубов.
Харков, вториот по големина град во Украина, е блиску до руската граница и е под постојано гранатирање од почетокот на војната, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“.
„Во текот на ноќта непријателот повторно изврши ракетен напад врз Харков“, рече Синехубов.
Песков откри кога Путин ќе го посети Донбас
„Рускиот претседател Владимир Путин ќе го посети Донбас кога ќе дојде време“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека има големи планови за развој на овој регион.
„Се гледа дека се гради и, се отвораат нови згради, интензивно се работи на обновување на целата витална инфраструктура. Ова вклучува снабдување со вода и електрична енергија, социјални објекти. Активно се водат работите, таму работат илјадници луѓе“, рече Песков.
Ердоган ги обвини санкциите кон Русија за енергетската криза во ЕУ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини за енергетската криза во Европа санкциите што европските земји ги воведоа кон Москва поради инвазијата на Украина.
Тој додаде дека европските земји „го жнеат тоа што го посеале“.
„Односот на Европа кон Путин и санкциите што ги воведе го доведоа Путин, намерно или не, до точка каде што рече: „Ако го направите ова, јас ќе го направам тоа“, рече Ердоган.