Денеска е 70-ти ден од војната во Украина

Украинците ги турнаа руските сили на 40 километри источно од Харков
Украинските сили ги потиснаа руските војници на околу 40 километри источно од Харков, соопшти Институтот за проучување на војната во својот најнов извештај.

Воздушен напад врз Лавов, делови од градот без струја
Русија синоќа изврши воздушни напади врз градот Лавов на западот на Украина, а дел од градот остана без струја, соопшти градоначалникот Андреј Садовиј.

„Како резултат на ракетниот напад, оштетени се две трафостаници. Дел од градот нема струја“, напиша на Твитер градоначалникот на Лавов.

Денес има четири хуманитарни коридори
„За денеска се планирани четири хуманитарни коридори од Мариупол до Запорожје“, најави вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук.

Таа додаде дека коридорите се планирани од Мариупол, Луначар Круг, Токмак и Василивка.

By Author