ДЕНЕС е 184. ден од специјалната операција на руската армија во Украина. Руската армија го продолжува напредувањето кон Миколаев и го интензивира гранатирањето на воената инфраструктура низ Украина.

Русија согорува огромни количини гас
Русија согорува големи количини природен гас што претходно би го извезувала во Германија, додека во Европа растат трошоците за енергија, пишува Би-Би-Си.

Фабриката во близина на границата на Русија со Финска секојдневно согорува гас во вредност од 8,4 милиони фунти.

Научниците се загрижени за количината на јаглерод диоксид и саѓи кои се создаваат од новата фабрика за течен природен гас (LNG) во Портоваја, северозападно од Санкт Петербург. Фабриката се наоѓа во близина на компресорската станица на почетокот на гасоводот Северен тек 1, кој транспортира гас во Германија.

Русија синоќа 9 пати го гранатираше Днепар
Русите во текот на ноќта 9 пати ја гранатираа областа Дњепропетровск.

Според гувернерот на оваа област, Валентин Резниченко, руските сили ја гранатирале областа со повеќецевни ракетни фрлачи Град и Ураган.

СБУ поднесе обвинение за воени злосторства против Кадиров
Службата за безбедност на Украина (СБУ) поднесе обвинение за воени злосторства против шефот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров.

СБУ на својот канал Телеграм објави дека собрала безусловни докази за воените злосторства извршени од Рамзан Кадиров.

Покрај за лидерот на Чеченија, како што соопштуваат собрани се и докази за воени злосторства извршени од заменик-шефот на одделот на руската Национална гарда за Чеченија Даниил Мартинов и еден од командантите на Националната гарда Хусеин Межидов.

Кадиров подготвен да одговори на SBU на обвинувањата за злосторства
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров најави подготвеност да се сретне со припадниците на Службата за безбедност на Украина, која го обвини за воени злосторства.

„Одреди ја локацијата каде треба да се појавиме, со задоволство ќе дојдеме и ќе видиме кој е криминалец, кој убиец, а кој терорист. Немаш ни чест ни совест“, напиша Кадиров на својот Телеграм канал.

Тој рече дека прифаќа се што направил во Украина, пренесува РИА Новости.

Русија: Електраната Запорожје нормално испорачува електрична енергија
Претставници на администрацијата во градот Енергодар, кој е под руска контрола, денеска соопштија дека струјата од нуклеарната централа Запорожжја во Украина се испорачува нормално.

Украинската државна компанија за атомска енергија Енергоатом, сепак, во четвртокот соопшти дека шест од реакторите на централата биле исклучени од електричната мрежа на земјата.

Електраната Запорожје работи нормално, нема никакви дефекти, најави шефот на управата на Енергодар Александар Волга, пренесува РИА Новости.

Руските војници пишуваат „посвети“ на гранати
Се шири видео на кое се гледа како војниците на рускиот претседател Владимир Путин пукаат гранати кон украински цели со зборовите „За Дарија Дугин“ – ќерката на сојузникот на Путин Александар Дугин, која неодамна беше убиена во обид за атентат за кој ФСБ тврди дека стои зад службите во Киев. на социјалните мрежи..

By Author