Во тек е 269-от ден од специјалната воена операција што Русија ја спроведува во Украина.
Киев би сакал да се врати во 1991 година.
Мирот во Украина ќе биде возможен само ако се вратат границите на земјата од 1991 година, изјави денеска Андриј Јермак, помошник на претседателот на Украина Володимир Зеленски.
– Ќе има мир кога ќе ја уништиме руската армија во Украина и ќе стигнеме до границите од 1991 година – напиша Јермак на Телеграм, пренесе Ројтерс.
Мета на Русите беше Запорожје
Украинските власти соопштија дека Запорожје бил гранатиран во текот на ноќта, пренесува Укринформ. Велат дека биле истрелани пет ракети С-300.
Како што изјави на Телеграм вршителот на должноста градоначалник на Запорожје Анатолиј Куртев, во нападот загина едно лице.
Куртев тврди дека како резултат на вчерашното гранатирање, повеќе од 120 станбени згради останале без греење во еден дел на Запорожје.
ОН: Истражете го убиството на руските затвореници и казнете ги сторителите
Обединетите нации повикаа на детална истрага за убиството на руските воени затвореници, а потоа и казнување на сторителите, изјави заменик портпаролот на генералниот секретар на ОН Фархан Хак.
– Ги повикуваме сите страни да спроведат детална истрага за кршењето на човековите права за да можат сите одговорни за злосторството да бидат изведени пред лицето на правдата – рече тој.
Како што претходно соопшти руското Министерство за одбрана, украинските војници со истрели во главата убиле повеќе од 10 заробени руски војници. Беше наведено и дека има видео докази за масовна крвава пресметка на украинските сили против невооружени руски затвореници.
Првиот воз од Киев пристигна во Херсон од почетокот на војната
Првиот воз од Киев од почетокот на рускиот напад на Украина пристигна во Херсон, од кој неодамна се повлекоа руските сили, соопшти Градскиот совет на Херсон, а пренесува Укринформ.
На 11 ноември, руските сили го напуштија Херсон и се повлекоа на левиот брег на Днепар.
LNR за украинските загуби
Украинската армија загуби до 50 луѓе, два тенкови и пет оклопни транспортери во изминатите 24 часа, соопшти народната милиција на Народна Република Луганск.
Исто така, во борбите се уништени 12 единици украинска моторизирана опрема, како и една артилериска батерија.
„Кремљ се подготвува за уште една рунда мобилизација“
Институтот за проучување на војната (ISW) во својот последен извештај изјави дека Русија тајно ќе подготви нова рунда на мобилизација.
Се додава дека војниците кои се мобилизираат во новиот бран веројатно ќе го влошат севкупниот квалитет на руските трупи кои се испраќаат да се борат во Украина.
Објавена е првата голема анализа за уривањето на мостот на Крим
Експертите за изградба на мостови и експлозиви објавија нови детали за тоа како бил нападнат мостот на Крим.
Експертите кои ги прегледаа фотографиите по експлозијата се согласија со Њујорк Тајмс дека експлозијата најверојатно била предизвикана од камион-бомба. Велат дека позицијата на камионот била пресудна.
Тие рекоа дека штетата од експлозијата можела да биде значително поголема доколку бомбата експлодирала минута или две подоцна.
„Доволно силна експлозија можеше да ги оштети сводовите и да го онеспособи целиот мост. Се чини дека ова беше грешка“, рече Шанкар Наир, градежен инженер во Чикаго.