Руската инвазија на Украина влезе во 47-от ден.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, смета дека повлекувањето на руските сили од Киев не значи дека тие се откажале од желбата да го заземат главниот град.
„Фактот што непријателот се повлече од Киев не значи дека се откажал од желбата да го заземе главниот град“, рече Кличко во интервју за американската телевизија ABC, додавајќи дека затоа е невозможно да се исклучи нов обид на руските сили да го заземат Киев за два дена.
Главниот град мора да продолжи да биде подготвен за одбрана“, рече Кличко.
Сепаратистите тврдат дека украинската армија ја гранатира ДНР
Според официјални лица од самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), украинските војници го гранатирале округот Петровски во Доњецк, истрелувајќи шест гранати од 122 милиметри. Како што се наведува, гранатирањето било извршено во 6.00 часот од Красногоровка.
Регистриран е и напад на селото Трудовскаја во Доњецк во 6.15 часот, кога, според тврдењата на претставници на ДНР, украинските војници испукале десет гранати од калибар 122 милиметри, пренесува РИА Новости.
Кулеба: Да бевме во НАТО немаше да има војна
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во неделата изјави дека Германија и Франција направиле „стратешка грешка“ кога се спротивставија на пристапувањето на Украина во НАТО во 2008 година. Како што рече, сега неговата земја плаќа за таа грешка.
„Да бевме членка на НАТО, оваа војна немаше да се случи“, изјави тој за американската емисија на NBC „Meet The Press“.
Кадиров се заканува: Ќе го земеме Киев
Лидерот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров, изјави дека офанзивата ќе биде покрената не само на Мариупол, туку и на главниот град Киев и другите украински градови.
Во видеото објавено на неговиот канал Телеграм рано во понеделникот, Кадиров рече дека „целосно ќе ги ослободи источните региони Луганск и Доњецк… и потоа ќе го окупира Киев и сите други градови“.