Војната во Украина денеска влезе во својот 485-ти ден.
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси денеска ќе ја посети Русија за да разговара за нуклеарната централа со руски претставници.
Рускиот претседател Владимир Путин, пак, изјави дека офанзивниот потенцијал на Киев не е исцрпен и дека не треба да се игнорира.
Од друга страна, премиерот на Украина Денис Шмигал изјави дека за украинската контраофанзива ќе биде потребно време, но дека не се сомнева во нејзиниот успех, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија подготвува напад врз нуклеарната централа Запорожје, што Кремљ остро го демантираше.
Макрон нема да му се јави на Путин
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе одговори доколку телефонски му се јави претседателот на Русија, Владимир Путин, но дека нема да му се јави прв затоа што нема причина за тоа.
Нетанјаху откри зошто Израел одбива да испорача оружје на Украина
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги наведе причините зошто Тел Авив одбива да испорача оружје на Украина, а една од главните е дека истото оружје може да падне во рацете на Иран и да се користи против Израел.
– Се плашиме дека сите системи што и ги даваме на Украина ќе бидат искористени против нас бидејќи можат да паднат во рацете на Иран… И тоа не е теоретска можност. Тоа навистина се случи со западното противтенковско оружје кое сега се наоѓа на нашите граници – изјави тој.
За две години во Украина ќе почне производството на турски „бајрактари“?
Турската компанија Бајкар планира да започне со производство на борбени беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“ и „Бајрактар Акинџи“ во Украина во 2025 година, изјави извршниот директор на компанијата Халук Бајрактар.
– Изградбата на фабриката се одвива според планот, а почетокот на производството е предвиден за 2025 година – додаде Бајрактар.
Бајрактар изјави дека главниот дел од подготвителните работи во фабриката е веќе во тек, а се очекува централата да добие струја во јули годинава.
Украинската команда го поместува оперативниот резерват во правец на Купјанск
Украинската команда ја пренесува оперативната резерва во правец на Купјанск, во колоната има тешка опрема која претходно не учествувала во борбени операции, изјави за Спутник воениот експерт и пензиониран потполковник Андреј Марочко.
ФСБ спречи шверц на килограм радиоактивен цезиум-137
Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија приведе пет лица кои се обиделе илегално да извезат килограм радиоактивен цезиум-137 од руска територија со цел подоцна да го искористат во зоната за специјални воени операции.
Тој радиоактивен материјал диверзантите требало да го искористат, како што е планирано, при извршување на напад со помош на оружје за масовно уништување, за што планирале да ја обвинат Русија.
Според ФСБ, приведените се фатени на дело и ја признаваат вината. Против нив е поведена кривична постапка за недозволено ракување со радиоактивни материи и препарати за криумчарење на овој материјал.
Акцијата беше успешно спроведена во соработка со Министерството за внатрешни работи на Русија.
Вредноста на радиоактивниот материјал била проценета на 3,5 милиони американски долари, а извозот од Русија требало да се врши по директива на државјанин на Украина.
Во Курск дејствуваше противвоздушна одбрана
Во Курск во текот на ноќта двапати беше активна противвоздушна одбрана, изјави гувернерот на Курската област Роман Старовојт.
Руската армија го уништи украинскиот магацин со муниција и опрема
Руската артилерија уништи складиште со муниција и опрема на украинската армија во областа Шчербиновка во ДНР, соопшти шефот на прес-центарот на групата „Исток“ на руските вооружени сили, Вадим Астафјев.
Украинска воздушна одбрана: собори 13 руски крстаречки ракети
Украинските сили за воздушна одбрана соопштија дека собориле 13 руски крстаречки ракети во раните утрински часови, насочени кон воениот аеродром во западниот регион Хмелницки.
Како што се додава, ракетите биле лансирани од руски стратешки бомбардери од областа на Каспиското Море.
Рускиот претседател Владимир Путин се соочува со се побурни конфликти во неговите кругови.
Во ново видео, Евгениј Пригожин, водачот на паравоената формација Вагнер, стои пред мртвите тела на своите војници во Украина и ги навредува руските воени лидери и ги обвинува за смртта на неговите борци.
„Тие дојдоа овде како волонтери и умреа, а вие лежете во вашите канцеларии, седите во вашите скапи клубови, вашите деца уживаат во добриот живот и прават видеа за YouTube. Оние што нема да ни дадат муниција, ќе бидат живи изеден во пеколот“, ечи Пригожин на видеото.
Воздухопловните сили на Русија не им оставаат шанса на украинските војници да започнат успешна контраофанзива, пишува Билд.
Доколку офанзивата на вооружените сили на Украина не биде успешна, САД може да го зголемат притисокот врз Киев, принудувајќи го да преговара.
Колумнистот на Билд, Пол Ронцхајмер, пишува дека Украинците не успеваат да постигнат „голем пробив“, одбранбените утврдувања на руската армија сега се подобро опремени отколку наесен, а вооружените сили на Украина немаат средства за воздушна одбрана и авијација:
„Она што ми го кажа украинскиот војник Павел на фронтот минатата недела, оттогаш ми остана засекогаш во сеќавање: „Ако Русите не нападнат од хеликоптери од далечина од 8 километри, тогаш нема што да се бориме со нив од далечина“.