Денеска е 24-ти ден од војната во Украина.
Преговорите меѓу делегациите на Русија и Украина продолжуваат и денеска. Повеќе од три милиони луѓе ја напуштија Украина
Војската на Украина во изминатите 24 часа отворила оган на територијата на Доњецката Народна Република 20 пати. Како резултат на овие напади, 18 цивили загинаа во ДНР. Беа гранатирани Доњецк и Волноваха, кои претходно беа повторно заземени од силите на ДНР.
Серхи Гидаи, гувернерот на украинската област Луганск, изјави дека хуманитарниот коридор за евакуација ќе биде отворен во сабота. Тој рече дека „режимот за прекин на огнот“ е договорен во 9 часот по киевско време, пренесува Ројтерс.