Руската СПЕЦИЈАЛНА воена операција во Украина влезе во својот 129-ти ден

Американците испраќаат нова помош за Украина
Соединетите Американски Држави најавија дека ќе испратат на Украина нова воена помош во вредност од 820 милиони долари.

Помошта, како што соопшти Пентагон, вклучува ракетни системи земја-воздух и противартилериски радари. Пентагон објави и дека ќе испрати 150.000 парчиња артилериска муниција од 155 милиметри во Украина.

Ова е 14-ти пакет воено оружје и опрема што Пентагон и го испрати на Украина од август 2021 година. Севкупно, САД испратија 8,8 милијарди долари помош за оружје и воена обука за Украина.

Експлозии во Николаев
Силни експлозии го потресоа украинскиот град Николаев рано утринава, изјави градоначалникот Олександар Сенкевич, само еден ден откако украинските власти потврдија дека најмалку 21 лице загинало во руски напад врз цивилни објекти во близина на пристаништето Одеса на Црното Море.

Сирените за воздушен напад се огласија пред експлозиите низ регионот на Николаев, кој граничи со важното украинско пристаниште Одеса, соопшти британската агенција.

Руската армија го бомбардира Харков
– Според информациите од теренот, руската армија рано утринава почна да го бомбардира Харков.
Столб од густ црн чад се издигнува над градот.

Украинските канали Телеграм објавија снимки од нападот.

By Author