Денеска е 357. ден од војната во Украина.

Зеленски: Ситуацијата на истокот е тешка, се бориме за секоја педа
Првиот човек на Украина Влодимир Зеленски во синоќешното обраќање рече дека ситуацијата на истокот на земјата е тешка. Во овој дел на Украина, руските сили напредуваат во последните недели, пред се во близина на Бахмут.

„Ситуацијата на фронтот е сè уште тешка, особено во регионите Доњецк и Луганск. Буквално се води битка за секоја педа украинска земја“, рече Зеленски, додавајќи дека Русија брза да ги постигне целите што ги постави во последна офанзива пред Киев да добие ново оружје.

Брисел: Русија мора да плати за обновата на Украина
Ќе се формира европска работна група со цел да се искористат замрзнатите руски средства за обнова на Украина, соопштија од шведската мисија која во моментов претседава со ЕУ.

„Групата ќе изврши правна, финансиска, политичка, економска анализа за можностите за користење замрзнати руски средства“, соопшти шведската мисија, пренесува Си-Ен-Ен.

„Русија мора да плати за обновата на Украина. Во исто време, ова покренува некои тешки прашања. Сè мора да се направи во согласност со ЕУ и меѓународното право. Во моментов нема конкретен модел“, рече шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Русите: Ја пробивме украинската одбрана во Луганск
Русите објавија дека успеале да пробијат две линии на украинската одбрана на исток, во областа Луганск.

Се подготвува офанзива на Харков
Москва планира да ги окупира сите населени места во украинската област Харков.

Украинската контраофанзива на почетокот на април доведе до враќање на повеќето населени места во Харков под украинска контрола.

Руски претставник утринава потврди дека обновената офанзива на Москва вклучува планови за повторно заземање на областа Харков.

Фон дер Лајен: Ги воведуваме најсилните санкции досега против Русија
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска го претстави предлогот на ЕК за 10-пакет санкции против Русија, кои според неа се најсилни досега.

Како што рече таа, со новиот пакет се предлага да се забрани извоз од 11 милијарди евра за индустриски производи и технологија што не може да се добијат преку трети земји, како електроника, специјализирани возила, резервни делови за камиони и авиони.

Шест руски балони забележани над Киев, повеќето соборени од воздушната одбрана
Сирените за воздушна опасност повторно се огласија во главниот град на Украина, Киев.
Шест руски балони биле забележани над Киев, а повеќето од нив биле соборени со противвоздушни ракети, соопшти денеска воената управа на украинската престолнина.

Во соопштението објавено на апликацијата за пораки и вести Телеграм, властите во Киев рекоа дека балоните можеби носеле аголни рефлектори и опрема за извидување, пренесува Ројтерс.

Лојд Остин „Украина има навистина добри шанси да преземе иницијатива на бојното поле“
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека Украина има навистина добри шанси да преземе иницијатива на бојното поле.

„Мислам дека ќе имаат добра шанса да направат значајна разлика на бојното поле и да воспостават иницијатива. И ќе можат да ја искористат таа иницијатива за да продолжат напред“, им рече тој на новинарите по состанокот со министрите за одбрана на НАТО во Брисел. објави Ројтерс.

By Author