Војна во Украина – 459-ти ден
Денеска во раните утрински часови Русија започна нов бран воздушни напади врз Киев користејќи беспилотни летала и крстаречки ракети.
Воената команда во главниот град на Украина соопшти дека украинските единици за противвоздушна одбрана собориле повеќе од 40 непријателски проектили.
Во 15-тиот руски воздушен напад овој месец и вториот последователен напад во последните два дена, според украинските власти немало поголеми штети или жртви во Киев, но во својата објава на телеграм каналот, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, напишал дека минатото ноќта беше тешка.
Во денешниот напад, сличен по интензитет на нападите извршени во изминатите два дена, руската војска употреби комбинација од ирански дронови Шахид и крстаречки ракети, се вели во соопштението на воената администрација на Киев, меѓутоа, репортерот на Ројтерс. не беше во можност самостојно да ги потврди извештаите за обемот на нападот.
Според Зеленски, ова бил еден од најголемите напади со Шахид – 54 дронови во исто време.
Украинските власти соопштија дека армијата е подготвена за контраофанзива.
„Украина е подготвена да започне долгоочекувана контраофанзива против руските сили“, изјави еден од највисоките безбедносни функционери во земјата, Алексеј Данилов. Почетокот на контраофанзивата го најави и врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни.
Украина побара од германската влада да испорача крстосувачки ракети Таурус со дострел од 500 километри, јави новинската агенција ДПА, повикувајќи се на неименуван претставник на германското Министерство за одбрана.
Договорот меѓу Москва и Минск за распоредување нуклеарно оружје води до опасна ескалација, предупредува Брисел.