Војната во Украина денеска влезе во својот 314-ти ден.
Руски проектил експлодира зад новинар ВИДЕО
Проектилот експлодирал на само неколку десетици метри од новинарката која известувала во живо од Украина, пишува Nexta. Додаваат дека станува збор за француски репортер кој известувал од Краматорск.
Во прашање се репортерите на францускиот ТМЦ, кој самата ја објави споменатата снимка.
Британското Министерство за борбите кај Бахмут
Министерството за одбрана на Обединетото Кралство соопшти дека бројот на напади на руската војска и припадниците на „Вагнер“ кај Бахмут го достигна својот врв во средината на декември. Тие тврдат дека овие операции имале „лоша поддршка“.
Во изминатите 10 дена, Украина испрати „значително засилување“ во секторот Бахмут, додека зачестеноста на обидите на руската пешадија за напредување најверојатно ќе се намали, соопшти Министерството.
– Двете страни претрпеа големи загуби – се наведува во извештајот.
– Руските офанзивни операции на тоа подрачје сега веројатно се изведуваат само на ниво на вод или одсек. Русија најверојатно нема да направи значителен пробив во близина на Бахмут во наредните недели.
Основачот на „Вагнер“ за битките во Бахмут
Во Бахмут, украинската армија создаде „петстотини одбранбени линии“, па руската армија напредува со голема тешкотија, изјави основачот на „Вагнер групата“ Евгениј Пригожин.
– Во Артјомовска (руското име за Бахмут) има тврдина во секоја куќа. На момците понекогаш им требаат неколку дена за да заземат една куќа. Понекогаш со недели – изјави Пригожин за РИА Новости.
Според него, по заземањето само една куќа, не може да се каже дека е нарушена одбраната на украинската армија.
– Денеска наутро заземаш куќа. И зад оваа куќа е друга, а потоа друга. И колку такви линии на одбрана има во Артјомовск? Ако кажеме 500, веројатно нема да погрешиме. На секои 10 метри е одбранбена линија – вели Пригожин.
Уништена ледената арена во Украина
Ледената арена во градот Дружкивка во областа Доњецк е уништена во ракетен напад извршен од руските сили во понеделникот во источна Украина, соопшти Украинската хокеарска федерација.
Претходно беше соопштено дека проектилот го погодил градот и ранил две лица, пренесува Ројтерс.
– Руските окупатори уништија пет ледени сали од почетокот на војната – објави федерацијата на Телеграм, повикувајќи се на хокејскиот стадион Дружба во Доњецк, арените во Маријупол и Мелитопол, Ледената палата во Северодонецк и арената Алтаир во Дружкивка, пренесува британската агенција, истакнувајќи дека не може самостојно да ги потврди горенаведените информации.
Украинска армија: Ослободивме 40 отсто од окупираната територија
Во текот на минатата година ослободивме четириесет отсто од територијата окупирана по 24 февруари, односно по почетокот на руската инвазија на Украина, изјави генералот Валериј Залужни, врховен командант на украинските вооружени сили.
РИА Новости: Руски падобранци ги обучуваат мобилизираните
Елитните единици на Воздухопловните сили на Русија спроведуваат интензивна обука на мобилизирани борци во правец на Запорожје, јавува дописникот на РИА Новости.
Подготовката се одвива на еден од терените за обука во регионот Запорожје. Мобилизираните борци на вооружените сили на Русија беа обучавани за тактичко движење во парови и тројки.
Се разработуваат различни сценарија, вклучувајќи напад на објекти, уништување оклопни возила, евакуација на ранети од боиштето.
Часовите ги водат инструктори, борци на елитните единици на Воздухопловните сили, кои борбеното искуство го стекнале за време на специјална воена операција. Според инструкторот, обуката е „засилена и интензивна“.
Единиците на специјалните сили на Воздухопловните сили тренираат и разузнавачки групи, кои се составени од мобилизирани борци.
За време на обуката се развиваат вештините за движење во пошумена област, брзо распоредување во борбени формации, избор на позиција во најкус можен рок и дејствување како група, како целина.