Специјалната руска воена операција во Украина влезе во 85. ден.
Зеленски потпиша указ за продолжување на вонредната состојба
Претседателот на Украина Владимир Зеленски денеска потпиша указ за продолжување на вонредната состојба и мобилизација за уште 90 дена, почнувајќи од 25 мај. Во извештајот на Би-Би-Си се наведува дека текстот на уредбата е испратен на ратификација до украинскиот парламент и дека мора да биде одобрен од најмалку половина од пратениците.
Во Украина беше воведена вонредна состојба на 24 февруари, денот кога Русија изврши инвазија.
Како изгледаше руското напредување и повлекување од првиот ден
Украинците разнесоа руски оклопен воз
– Украински борци разнесоа оклопен воз со руски војници во окупираниот јужен град Мелитопол, соопшти денеска Украинската територијална одбрана (УТО).
Руската страна не одговори
Турција не може да си дозволи конфликт со Русија
– Турција не може да си дозволи конфликт со Русија поради блиските економски врски меѓу земјите, напиша колумнистот Харун Карчик во напис за магазинот National Interest.
Публицистот истакна дека руските испораки и обезбедуваат на земјата 45 отсто гас, 17 отсто нафта и 70 отсто пченица. Во исто време, Росатом ја гради првата турска нуклеарна централа Акују, која треба да започне со работа во 2023 година.
– Турција не може да си дозволи да загуби клучен партнер во време кога турската лира поевтини за 47 отсто за помалку од една година, а инфлацијата е на највисоко ниво во последните 20 години, објасни Карчик.
Зидојче цајтунг: Позицијата на Кина и Турција доведе до неуспех на западните санкции
– Западните санкции против Русија не ја предизвикаа очекуваната штета поради позицијата на Кина, Индија, Турција и Бразил, пишува германскиот весник Зидојче цајтунг.
Се посочува дека овие земји се воздржани од широка поддршка за рестриктивните мерки против Москва.
– Земјите како Кина, Индија, Бразил и Турција или воопшто не се приклучија кон западните санкции, или тоа го направија само делумно, се наведува во написот.
Авторите на публикацијата забележуваат дека руската економија останува стабилна и покрај притисоците од санкциите.
Украина гранатираше село во Русија
Украинските сили гранатираа руско село во близина на границата во четвртокот во мугрите, при што загина најмалку еден цивил, Роман Старовоит, гувернер на областа Курск во Русија, објави во телеграма. Гранатите погодиле фабрика за алкохол во селото Тјоткино и неколку други згради, додаде тој.