Боровинката е едно од овошјата кои се нискокалорични, а истовремено и богати со хранливи материи. Боровинките се исто така одличен извор на влакна, витамин Ц и витамин К.

Друг голем плус од нив е високото ниво на антиоксиданти, воедно има големо влијание врз намалувањето на високиот крвен притисок. Покрај тоа, боровинките помагаат во спречување на срцев удар, што е една од најголемите причини за смрт во светот.

Имајте на ум, дека ќе уживате во сладоледот од боровинки. А за тоа уживање ќе ви требаат само банани и боровинки, а освен што е вегански и супер здрав затоа што е засладен само со овошје, овој сладолед е готов за пет минути и е совршено летно уживање во кое можете да уживате без каење.

Потребни состојки:

– 3 замрзнати банани исечени на парчиња

– 1 чаша замрзнати боровинки

Подготовка:

– Ставете ги замрзнати банани и боровинки во блендер и изблендирајте ги убаво така што смесата ќе стане кремаста, по желба може да ставите и малку млеко.

Оставете ја смесата во фрижидер онлку колку што сакате сладоледот да биде зацврстен.

Секогаш имајте замрзнати банани и боровинки подготвени во вашиот замрзнувач за да можете да уживате во овој сладолед во било кое време од денот дури и во деновите кога имате набиен распоред.

By Admin