Индија во понеделникот им нареди на вооружените сили да им помогнат на болниците, кои  се преоптеретени од брзиот раст на нови инфекции од Коронавирусот.

Другите земји меѓу кои и САД, Британија и Германија, ветија дека ќе им испратат неопходни медицински залихи и помош.

Премиерот Моди во неделата ги повика граѓаните да се вакцинираат и да бидат внимателни поради, како што рече, „бура“ од инфекции, додека болниците и лекарите во некои држави во северна Индија изјавија дека не можат да се справат со приливот на пациенти.

Во некои од најтешко погодените градови, остатоците од жртвите на Ковид 19 масовно се кремираат во привремени објекти.

Нееднаквите мерки за борба против пандемијата, локалните избори и масовните собири на празници може да предизвикаат жаришта во другите делови на земјата, додека бројот на заразени се зголеми за 352.991 во последните 24 часа, а пренатрупаните болници останаа без кислород и бесплатни кревети

„Болниците во моментов молат и даваат заеми и тоа е екстремна кризна состојба“, изјави портпаролот на болницата во Њу Делхи, а пренесува „Reuters“.

By Admin