Полската полиција денеска уапси 45-годишен маж бидејќи не носел маска во продавницата. Се испостави дека го уапсиле убиецот кој последните 20 години од животот ги поминал во бегство.
Според соопштението на полската полиција, уапсениот, кој сега има 45 години, веќе две децении бега од законот поради пресудата за убиство.
„Полицијата од населбата Биелани го уапси човекот затоа што немаше маска“, изјави за АФП Елвира Козловска, портпаролка на полицијата во Варшава.
Козловска не откри повеќе детали освен дека човекот сега е во затвор и го чека 25 години затвор за убиството што го извршил.